Олгин () е една од покраините во Куба, втора по населеност, по градот-покраина Хавана. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Поважни градови се Олгин (главниот град), Банес, Антилја, Мајари и Моа.

Населението брои малку над еден милион жители. Зафаќа површина од 9.300 км², од кои 25% отпаѓаат на шуми.

Историја Кристофер Колумбо допловил тука на 27 октомври 1492. Потем тој рекол дека ова е „најубавата земја која човечки очи имаат видено“.

Покраината Олгин била создадена во 1978 год., по одделувањето од регионот Ориенте.

Познати личности Генерал Каликсто Гарсија (1839-1898), херој од војната за независност Генерален Командант Фидел Кастро (1926), правник, Претседател на Куба. Генерал на Армијата Раул Кастро (1931), Министер за војска и Претседател на Куба.

Стопанство Како и најголемиуот дел од земјата, стопанството во Олгин се заснова на шеќерна трска, но рударството, пченката и кафето се исто така важни гранки.

Во Моа има огромна фабрика за обработка на кобалт со терминали за испорака, која била изградена со помош од странство, која во главен дел дошла од Канада. Во покраината има и многу индустриски капацитети за обработка и на хром, никел, железо и челик.

Од неодамна во покраината почнат е и развојот на туризмот и постојат бројни хотели околу Гвардалавака.

Општини мини|десно|250п|Црквата Св. Јосиф (Сан Хосе) во Олгин мини|десно|Споменик на Кристофер Колумбо во Гвардалавака Олгин е поделен на 14 општини: ОпштинаНаселение(2004)Површина(км²)МестоположбаАнтилјаБагваносБанесКакокумКалихто ГарсијаКветоМајариМоаОлгинРафаел ФрејреСагва де ТанамоУрбано НорисФранк Паис Хибара Извор: Население од пописот во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.

Наводи

Надворешни врски Портал на покраината Олгин

Категорија:Покраини во Куба

Категорија:Држави и територии настанати во 1978 година