Меѓународен индекс на растителни имиња (, крат. IPNI) — бесплатна база на податоци која ги содржи имињата на семените, папратните и црвоточните растенија и дава библиоградски податоци за истите. Најдобро се опфатени видовите и родовите. Целта на базата е да се одбегне непотребно упатување на голем број првоизворници при пребарувањето на имињата и особините на таксоните.

Базата има и список на стандардизирани авторски кратенки, првично заснован на Брамит и Пауел (1992). Списокот редовно се подновува со нови кратенки.

Опис IPNI е соработка помеѓу Кралските ботанички градини во Кју (Index Kewensis), Харвардскиот хербариум (Gray Herbarium Index) и Австралискиот национален хербариум (APNI). Базата е збирка на имиња заведени во овие три установи и работи на стандардизација на информациите. Стандардот за авторски кратенки препорачан од Меѓународниот правилник за номенклатура на алгите, габите и растенијата како „Автори на растителни имиња“ (Authors of Plant Names) на Брамит и Пауел.

Базата ги следи и имињата објавени во стручните списанија и дава индекс на истите. Во 2010 г. е отпочнат придружниот проект The Plant List кој има за цел да ги утврдува прифатените имиња на видовите.

Истото место го води и проектот Index Fungorum, посветен на габите.

Поврзано The Plant List Index Fungorum

Наводи

Надворешни врски на IPNI Пребарување на растителните имиња — IPNI Пребарување на автори и нивните кратенки — IPNI

Категорија:Ботаничка номенклатура Категорија:Бази на биолошки податоци