мини|300px|Слама во ролни мини|Покрив од слама мини|Сламен шешир мини|Белоруска играчка од слама

Слама – сув остаток од житни растенија.

Сламата е секундарен производ, остатоци добиени од исушените стебла на житните растенија (пченица, ‘рж, јачмен, овес, ориз) по вршењето. Пред воведувањето на машинско жнеење и вршење, сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи. Со машинското жнеење и вршење, сламата се пресува и балира и може полесно да се складира. Балите вообичаено се во облик на квадари и ролни.

Употреба Како крма (храна за добиток) на домашните преживари. Хранливата вредност на сламата е многу ниска, но служи како обемен дел од секојдневната храна на животните. Како простирка за домашните животни. Како суровина за добивање биогориво. Во некои делови на светот сè уште се користи за полнење на душеци за спиење. Како градежен материјал За изработка на сламени шапки, обувки и кошници. За декорација Суровина при производство на хартија

Поврзано Сено Крма

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Земјоделство Категорија:Фуражни култури Категорија:Цврсти горива Категорија:Биоразградливи материјали Категорија:Биомаса Категорија:Градежни материјали Категорија:Амбалажни материјали