Сложувалка (The Puzzle) — македонски документарен филм во режија на Александар Ковилоски, кој се однесува на појавата и развојот на македонскиот хип-хоп. Филмот е направен во реализација на екипата на Хип Хоп Македонија и Урбан Институт-Скопје. Во процесот на подготвување на докуменатецот активно учество зедоа и: Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ. Времетраењето на филмот е 39 минути.

Содржина Премиерата на документарниот филм Сложувалка (The Puzzle) се случи на 16 ноември (понеделник) во Кино Фросина – МКЦ, на скопскиот филмски фестивал Cinedays. Филмот не е класичен хип-хоп документарец, туку е колаж од гледишта, искуства и идеи на поединци од македонската хип-хоп сцена, вклучувајќи интервјуа со скоро сите позначајни артисти и групи од почетокот на макрап сцената до денес. Филмот не ја документира историјата на македонскиот хип-хоп, туку на експериментален начин поттикнува прашања и отвора дискусија за сегашноста на оваа култура, споредувајќи ја со сложувалките, кај кои доаѓањето до финалната слика е процес на трпеливост, интелигенција и креативност. На филмот е работено две години, а се работи за 39-минутен колаж од размислувања на голем број хип-хоп артисти кои оставиле белег на македонската андерграунд-сцена.

Според оцената на некои медиуми: „'Сложувалка: изгубените делови' не е правен во стилот на 'видете колку е све ова кул', туку од гледна точка на веќе созреани луѓе, кои знаат да направат дистанца меѓу личните љубови и она што го истражуваат“. Исто така, забележано е дека филмот е: „Одлично прифатен од македонската хип-хоп генерација“.

Учесници во документарниот филм Ицко и VG (Чиста Околина), DJ Гоце (САФ), Против Сите и Green Out (Легијата), Профо и Човекот Екс (Клан Исток), Тигаз (ДНС), ПУКА Козметика, Хром (графити), Тец (Most Wanted/Ошав Прод.), Токсикологија (Токсиколози), Зад Аголот, Тони Зен, Слаткаристика, Авторизација, Дивизија, Титан, Стрес, Огнен beatbox. Името на филмот доаѓа од идејата дека спојувањето на нивните размислувања во една идеја е процес сличен на сложувањето на коцките кај сложувалките, со цел на крајот да се дојде до бараниот резултат.

Фестивали Филмот е прикажан на неколку филмски фестивали, меѓу кои: Cinedays во Скопје, „Браќа Манаки“ во Битола, уметничкиот филмски IOF фестивал во Бангладеш, „Dok’ n’ Ritam“ во Белград, Србија и на други места. Документарецот беше прикажан и во кино „Милениум“ во Скопје, при што на самиот влез можеше да се набави и DVD издание, титлувано на англиски јазик.

Награди 2015 - Македонски Алтернативни Награди (МАН) - награда за најдобар македонски документарен филм.

2016 - Музички фестивал „Dok’ n’ Ritam“ - специјална награда за уметничка искреност.

Наводи

Категорија:Македонски хип-хоп Категорија:Македонски документарни филмови Категорија:Филмски фестивали во Македонија Филмови