мини|десно|Смолкнувачко изобличување. Модул на смолкнување или модул на крутост ( или ) — физичка величина која го изразува соодносот помеѓу смолкнувањето и изобличувањето при смолкнување:

каде = смолкнувачко напрегање силата која дејствува површината на која се дејствува = смолкнувачко изобличување. Во инженерството , а другаде е попречното поместување е првичната должина

Изведената СИ-единица на модулот на смолкнување е паскалот (Pa), иако обично се изразува во гигапскали (GPa) или пак илјадници фунти на квадратен инч (ksi) по империјалниот систем. Неговиот димензионален облик е M1L−1T−2, заменувајќи ја силата со масата помножено со забрзувањето.

Образложение МатеријалТипични вредности за модулот на смолкнување (GPa) (при собна температура)Дијамант478,0Челик79,3Бакар44,7Титан41,4Стакло26,2Алуминиум25,5Железо52,5Полиетилен0,117Гума0,0006 Модулот на смолкнување е една од величините со која се изразува крутоста на материјалите. Сите тие произлегуваат од воопштениот Хуков закон: Јангов модул — го опишува изобличувањето на материјалот како последица од едноосното напрегање во насока на тоа напрегање (како издолжување на жица влечејќи ја за двата краја или скусување на столб при ставање тежина врз него), Поасонов сооднос — ја опишува последицата по материјалот во насоки нормални на ова едноосно напрегање (жицата се истенчува, а столбот се задебелува), модул на збивливост — ја опишува последицата по материјалот од (рамномерниот) хидростатистички притисок (како притисокот на океанското дно или длабок базен), модул на смолкнување — ја опишува последицата по материјалот од смолкнувачкото напрегање (како сечење на жицата со тапи ножици).

Овие модули не се независни, а за изотропни материјали, поврзани се преку равенките .[Landau LD, Lifshitz EM. Theory of Elasticity, vol. 7. Course of Theoretical Physics. (2nd ed) Pergamon: Oxford 1970 p. 13]

Модулот на смолкнување се однесува на изобличувањето на цврсто тело кога врз него ќе се примени сила напоредна на една од неговите површини, додека спротивната страна е подложена на спротивна сила (како триење). Предмет со облик на правоаголна призма ќе се изобличи во паралелопипед. Анизотропните материјали како дрвото, хартијата и сите единечни кристали се изобличуваат различно кога се напрегаат во различни правци. Тука се применува посложен метод.

Течностите се материјали со нула модул на смолкнување.

Бранови мини|десно|300п|Влијанија за извесни придодадени составници врз модулот на збивливост на извесно основно стакло.Shear modulus calculation of glasses Кај еднородните и изотропни цврсти материјали се јавуваат два брана: притисочен и смолкнувачки. Брзината на смолкнувачкиот бран, се раководи по модулот на смолкнување,

каде е модулот на смолкнување е густина на цврстото тело.

Поврзано Сеизмички момент Наука за материјалите

Наводи

Категорија:Растегливост Категорија:Наука за материјалите Категорија:Механички величини