мини|десно|350п|Положбата на Рисер-Ларсеновото Море (најгоре) во Јужниот Океан. Рисер-Ларсеново Море () — рабно море на Јужниот Океан над Источниот Антарктик и јужно од Индискиот Океан. Се протега од Астридскиот Срт на запад до Гунерусовиот Срт и гребенот Кајнанмару на исток. Се граничи со Лазаревото Море на запад и Космонаутското Море на исток, опфаќајќи го просторот помеѓу 14° и 30° ИГД. Северната граница ја исцртува 65. јужен напоредник.
Јужно од ова подрачје се сместени Брегот на Принцезата Астрид и Брегот на Принцезата Рагнхилда во рамките на Земјата на Кралицата Мод. Во западниот дел се протега Лазаревата Ледена Плоча, а источно се ледените пристаништа Ерскин и Годел, како и поранешната белгиска станица „Крал Бодуен“.
Име Морето е наречено во Советската антарктичка експедиција од 1962 г. во чест на норвешкиот воздухопловен пионер и поларен истражувач Јалмар Рисер-Ларсен (1890–1965), но ова име не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО), туку се води само во советски и руски карти.
Поврзано Рисер-Ларсенова Ледена Плоча Рисер-Ларсенов Полуостров
Наводи
Категорија:Мориња во Јужниот Океан Категорија:Антарктика Категорија:Мориња на Антарктикот