мини|Кароза сендвич со моцарела Кароза, исто позната и како моцарела во кароза, е вид на пржен сендвич во италијанската кујна. Се подготвува на тој начин што се пржи моцарела која се става помеѓу две парчиња леб. Познато јадење е во регионите на Кампанија во Јужна Италија и во пределите на Њујорк.  „Моцарела фрита“ е вид на јадење кое содржи сирење без леб.

Подготовка Кароза се подготвува со моцарела, која се премачкува со јајце и две парчиња леб. Може да се подготви со различни видови на леб, како италијанскиот леб и леб за сендвичи. Корката на лебот понекогаш се отстранува пред да се пржи и лебот може да се направи на тостер пред да се пржи. Подготовката вклучува составување на сендвичот, потоа се става во брашно, па во јајце и потоа се пржи во тава. Лебните трошки може да се користат. Маслиново масло најчесто се користи за да се пржи ова јадење. Додатни состојки понекогаш се користат, како што се шунка, бргљун, модар домат, зелен домат и босилок. Откако ќе се подготви, има крцкава текстура. Може да се сервира како закуска.

По регион Карозата е јадење може да се најде во камиончињата кои продаваат на улица и е популарно јадење во Кампанија, регион во јужна Италија. Бафало моцарела, која се подготвува со користење на млеко од италијански средоземен бивол, најчесто се користи во Кампанија за подготовка на сендвичот.

Познато јадење е и во италијанско-американските ресторани во Бруклин, Менхетен и околината на Квинс во Њујорк, каде некогаш се потготвува со пржење.

Варијации Разликата во видовите на кароза е во тоа што кај едната моцарелата е премачкувана со путер,а другата е пржена во тава со тоа што се отстрануваат корките од лебот пред да се пржи.

Наводи

Надворешни врски Рецепт за сендвичот кароза

Категорија:Сендвичи Категорија:Италијанска кујна