Сава Михаjлов (25 декември 1877 - 1 март 1905) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис мини|лево|150п|Потртет на Сава Михајловмини|десно|230п|Споменик на Сава Михајлов, Гевгелија Завршува гимназиjа во Солун и потоа е учител во Горна Џумаја, каде што е и реонски раководител на ТМОРО. Таму е предаден и по фаќањето на Мис Стон, се присоединил кон четата на Јане Сандански.
Од почетокот на 1903 бил војвода во Гевгелиско.
Учествува во Илинденското востание и заедно со Аргир Манасиев организираат диверзија на железничкиот мост на Вардар кај Гевгелија.
Загинува на 1 март 1905 година кај селото Смол, Гевгелиско. Предадени од некои овчари Арнаути, заедно со четата на Апостол Петков (заедно 42 лица) се опколени од турска војска.
Во борбата загинуваат 36 души, меѓу нив и Сава Михаjлов, а војводата Апостол Петков, ранет во петата, со петмина четници успеваат да се спасат Христо Силянов. Борбите към Енидженското езеро, ч.1 , (из "Освободителните борби на Македония", т.II).
Сава Михајлов сам се отрул, за да не биде фатен жив од Турците. Турската влада им доделува награди на сите учесници од турска страна со медали, пари итн.
За време на НОБ во Втората светска војна гевгелискиот партизански одред го носел името на Сава Михајлов.
Цитати
Извори
Галерија
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Десетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Луѓе од Мачуково Категорија:Починати во 1905 година Категорија:Учесници во Илинденското востание