Мерир или Мелиели (англиски и сонсоролски: Merir) е мал остров во сојузната држава Сонсорол во Палау.

Географија Мерир е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 0,9 км2. Денес овој остров не е населен поради евакуацијата за време на тајфунот од 2012 година. На островот има напуштено село познато како Мелиели, кое пак се наоѓа на северозападната страна и таму имало радио станица.

Островот е прекриен со густа шума и на бреговите има плажи. Целиот остров е опколен од корален гребен.

Сонсорол се наоѓа на 110 км оддалеченост на северозапад, а островот Пуло Ана на 50 км.

Историја Првите европски записи за островот датираат од ноември 1710 година. Тогаш на островот пристигнала шпанската мисионерска експедиција под раководство на Франсиско Падилја.Rienzi, M.L. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo, Barcelona, 1845-1846, vol.2, p.78

Галерија

Наводи

Поврзано Сонсорол Палау

Категорија:Острови во Палау Категорија:Сонсорол Категорија:Ненаселени острови