Херсон () — град во Јужна Украина, седиште на Херсонската Област. Значаен е како пристаниште на Црното Море и реката Днепар и има мошне развиена бродоградба. Населението брои . Сместен е на високиот десен брег на реката Днепар.
Од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година, во Херсон е воспоставена канцеларијата на претседателскиот претставник на Украина во Крим.Official website . Претседателски претставник на Украина во Крим.
Историја мини|Црквата „Св. Катерина“ мини|180п|Григориј Потемкин Сè до 1774 г. подрачјето било во состав на Кримското Ханство.
Херсон е основан во 1778 г. од кнезот Григориј Потемкин по налог на царицата Катерина Велика. Градот е изграден под раководство на генералот Иван Ганибал на место на малата тврдина Александершанц. Наречен е по старогрчката колонија Херсонес Тавриски, основана во VI век п.н.е. во југозападен Крим. Едно од првите зданија во утврдувањето бил соборниот храм „Св. Катерина“ каде подоцна е е погребан кнезот Потемкин. Кај Херсон е уловен последниот тарпан во 1866 г.
Кон средината на XIX век во Херсон се доселило многубројно еврејско население кое веднаш станало рамнобројно на украинското со дури 41,4 % од градотКабузан В.М — Народонаселение Бессарабской области и левобережных районов Приднестровья, конец XVIII-первая половина XIX в. До 1939 г. истото се намалило на 16,6 %Всесоюзная перепись населения 1939 года. Национальный состав населения районов, городов и крупных сел союзных республик СССР. г. Николаев, а денес изнесува само 0,5 %.
Управна поделба мини|180п|Градскиот дом, денес ликовен музеј. Градот се состои од три реони.
Суворовски — стариот дел од градот, наречен по рускиот генерал Александар Суворов. Ги опфаќа микрореоните: Тавријскиј, Пивничниј и Млини. Днепарски — наречен по реката Днепар. Ги опфаќа микрореоните: ХБК, Текстиљниј, Склотара, Слобидка, Военка, Схидниј. Корабељни — наречен по бродоградбата. Ги опфаќа микрореоните: Шуменски, Корабел, Забалка, Сухарне, Житоселишче, Селишче — 4, Селишче — 5.
Сообраќај Покрај морското и речното пристаниште, Херсон е поврзан со државната железничка мрежа, со секојдневни брзи возови до Киев, Лавов и други градови. Има и помал меѓународен аеродром.
Сообраќај Во градот има 77 образовни установи, од кои 15 отпаѓаат на вишо и високо образование. Меѓу нив знајзначајни се:
Херсонски државен универзитет Државен земјоделски универзитет Државен технички универзитет Меѓународен универзитет за бизнис и право
Знаменитости Црква „Св. Катерина“ — изградена во 1780-тите, по нацрт на Иван Старов; има гробница на кнезот Потемкин. Еврејски гробишта Херсонска телевизиска кула — позната градба во градот. Аџиголски светилник — хиперболоидна градба на Владимир Шухов, 1911 г.
Збратимени градови Залаегерсег, Унгарија Шумен, Бугарија
Галерија
Поврзано Херсон Тавриски Херсонска област Бесарабија
Наводи
Надворешни врски
Градска управа на Херсон Информативен портал за Херсон Слики од Херсонfлан
Категорија:Градови во Херсонската област Категорија:Населени места основани во 1778 година