Игор Пенов (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и член на македонската машка репрезентација.

Клупска кариера Во сезоната 2006/07, Пенов настапувал во новиот охридски прволигаш АМАК СП.

Игор Пенов станал играч на второлигашот Вардар Осигурување во сезоната 2008/09. Тогаш Игор и неговиот клуб го освоиле второто место и обезбедиле пласман во Првата лига. Пенов останал во Вардар Осигурување, сега како прволигаш, и таа сезона, 2009/10, станал вицепрвак во Првенството. После распадот на Вардар Осигурување, Игор Пенов заминал во МЗТ Аеродром. Таа сезона, изгубил во финалето на Купот 2011. Следната сезона, Пенов со МЗТ ја освоил двојната круна, односно Купот 2012 и Првенството 2011/12. Во сезоната 2012/13, Игор заиграл за Кожув и тогаш станал вицепрвак во Лигата. Во Кожув, Пенов продолжил да настапува и во сезоната 2013/14. За сезоната 2014/15, Пенов ја сменил средината и се преселил во Карпош Соколи. Во сезоната 2015/16, Игор станал вицепрвак во Купот 2016 со Карпош Соколи. За сезоната 2016/17, Пенов ја продолжил соработката со Соколи. Тогаш Пенов станал првак во Купот 2017 и подоцна станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2017/18, Пенов потпишал за МЗТ Аеродром. Со МЗТ, Пенов го освоил Купот 2018, а подоцна станал вицепрвак во Првенството. Следната сезона, Игор станал играч на Куманово. Во јули 2019 година, за сезоната 2019/20, Пенов потпишал за АВ Охрид. Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Пенов се преселил во Пелистер.

Успеси МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2011/12 Куп на Македонија (2) : 2012, 2018 Карпош Соколи Куп на Македонија (1) : 2017

Наводи

Надворешни врски Профил на Игор Пенов на eurobasket.com Профил на Игор Пенов на realgm.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје