мини|Игра на прозорецот, корица на книгата „Игра на прозорец“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.

Содржина Збирката ги содржи следниве раскази:Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990. Игра на прозорец Коле го бара своето автомобилче Лубеница Слатко Гостинчиња Желба голема како автобус и црвена како автобус Ах тоа маче Ноќта е жедна за таква смеа Тајна Томе будилникот Езерско волкче Дете и птица

Технички податоци Збирката „Игра на прозорец“ била објавена како заедничко издание на неколку издавачки куќи: Мисла, Наша книга, Македонска книга, Култура и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за трето одделение во основното образование на СР Македонија така што доживела повеќе изданија. Изданието од 1990 година има 80 страници и било отпечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“. Илустрациите во книгата се дело на Божидар Дамјановски, а Александар Каевски ја обликувал корицата и го извршил графичкото уредување. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, Скопје (на самата книга по грешка е ставена каталогизацијата на книгата „Јаготки“ на Цане Андреевски), но без меѓународната ознака ISBN.Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990.

Наводи

Категорија:Дела на Генади Болиновски Категорија:Раскази за деца Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Македонски раскази