Референдум во Македонија (2018) — референдум на државно ниво што се одржал на 30 септември 2018 година во Република Македонија.Референдум на 30 септември Дојче Веле (30 јули 2018)
Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не била усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список.
Заднина По македонската независност од Југославија во 1991, грчките власти тврдеа дека името на земјата имлицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион и се спротивставија на употребата на терминот „Македонија“ од страна на новата држава. Македонија беше примена во Обединетите Нации во 1993 под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ), додека во меѓувреме голем број на држави ја признаа Република Македонија под уставното име.
Повторените обиди за преговори за сложено име не успеаја 27 години. Меѓутоа, во 2018, се интензивирани контактите на високо ниво помеѓу владите на двете земји, а македонскиот вицепремиер Бујар Османи ја посети Атина на 9 јануари, и македонскиот премиер Зоран Заев се сретна со неговиот грчки колега Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија на 24 јануари. На средбата во Давос, прва од ваков вид во последните седум години, двајцата водачи покажаа одлучност да стават крај на прашањето за името и да ги подобрат односите помеѓу двете земји. Заев подоцна презеде иницијативи кои ќе ја намалат грижата во Грција во врска со политиките на антиквизација.
мини|лево|Потпишување на договорот во Преспа, 17 јуни 2018 На 12 јуни 2018, Ципрас објави дека постигнал договор со Заев „кој ги покрива сите предуслови поставени од грчката страна“. Предлогот ќе резултира со преименување на Република Македонија во Република Северна Македонија, со тоа што новото име е за севкупна употреба, надворешна и внатрешна. Заев објави дека договорот вклучува признавање на македонскиот јазик во Обединетите Нации и дека државјаните на земјата ќе бидат нарекувани како и претходно, македонски. Сепак, исто така ќе има експлицитно појаснување дека граѓаните на земјата не се поврзани со античките Македонци. „Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, рече Заев. Договорот бил потпишан на брегот на Преспанското Езеро.
Одлука за референдум Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 30 јули 2018 година донело одлука за распишување на референдумот.
Ставови За thumb|right|220x220px|Билборд на кампањата „ЗА" во Дебар (на албански јазик). Преведен гласи: ЕУ ја помага Македонија со 260.000 евра дневно. Македонскиот премиер Зоран Заев и владината коалиција започнаа онлајн кампања со која го поддржаа гласот За на референдумот. Многу високи функционери и ЕУ-водачи дадоа поддршка за опцијата „За“ бидејќи ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО.
Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц, канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис, американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО. Францускиот претседател, Емануел Макрон, осум дена пред референдумското изјаснување во видео порака до македонските граѓани упатил „едноставна, јасна и скромна“ поддршка на Преспанскиот договор.
Албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат за на референдумот. Во Македонија, албанските политички партии и нивните водачи Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот За.
Против/бојкот мини|right|220x220px|Транспаренти и плакати на движењето Бојкотирам кај жена-парк во Скопје, карши Собранието на Република Македонија, три дена по референдумот мини|right|220x220px|Плакат на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада во Струга кој повикува на бојкот Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот и смета дека договорот со Грција е акт на предавство. Сепак, на почетокот на септември, само неколку недели пред референдумот, Христијан Мицкоски, претседателот на партијата излезе со изјава со која ги охрабри граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува различните мислења. Партијата не учествуваше во референдумската кампања, додека некои високи партиски членови ја изразија својата поддршка за бојкотирање на референдумот. На 23 септември, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој беше избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди договорот и ги повика своите сонародници да го бојкотираат гласањето.
Анкети за јавното мислење Датум на спроведување За Против Неопределени Нема да гласаат Маргина на грешка Примерок Спроведена од Метод28 јуни-15 јули 201849%22%13%16%± 3.0%1100 испитаници постари од 18 години IRI Интервјуа лице в лице24 јули-1 август 201841.5%35.1%9.2%12.4%± 3.1%1026 потенцијални гласачиMCIC Компјутерски асистирано телефонско интервју
Резултати ИзборГласови%За609.81391,46Против37.7005,65Неважечки гласови19.2212,89Вкупно666.743100Регистрирани гласачи/одзив1.806.33636,91 Извор: ДИК
Наводи
Надворешни врски Референдум 2018 — Државна изборна комисија Референдум 2018 — Собрание на РМ
Категорија:Референдуми во Република Македонија Категорија:Македонија во 2018 година Категорија:Историја на Македонија