Александар Димитровски (роден на во Гевгелија) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој настапувал на позицијата бек.
Кариера Играчка кариера Димитровски, сезоните 2000/01 и 2001/02 ги одиграл во велешки Жито Вардар. Сезоните 2002/03, 2003/04, 2004/05 ги поминал во Фершпед Работнички и ги освоил двојните круни (Лигата и Купот) во сите тие три сезони. Сезоната 2005/06, Димитровски ја започнал во Работнички, но на полусезоната, во јануари 2006 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера и заиграл за полскиот клуб Сласк Вроцлав. Сезоната 2006/07 продолжил во Сласк Вроцлав. За сезоната 2007/08, Димитровски станал кошаркар на тогаш амбициозниот состав за титула - Фени Индустри. Тогаш, Александар ја освоил двојната круна односно Купот 2008 и Првата лига. Сезоната 2008/09 ја започнал во Фени,, но во ноември 2008 година, Димитровски го раскинал договорот со кавадаречкиот клуб и се преселил во Работнички со кој подоцна станал првак во Лигата. Александар останал да биде кошаркар на Работнички во сезоната 2009/10. За сезоната 2010/11, со потпишување на договор во септември 2010 година, „Мачка“ продолжил во редовите на Работнички. Тогаш тој станал првак во Купот 2011 и вицепрвак во Првенството. Сезоната 2011/12, Александар ја поминал во новиот прволигаш, клубот од родниот крај Гевгелија - Кожув. За сезоната 2012/13, Александар се вратил во Работнички по третпат.
Останата кариера Во јули 2014 година, Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот Работнички.
Приватен живот Женет е со пејачката Тамара Тодевска и заедно имаат две деца.
Успеси
Работнички Прва македонска лига (4) : 2002/03, 2003/04 2004/05, 2008/09 Куп на Македонија (3) : 2003, 2004, 2005
Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2007/08 Куп на Македонија (1) : 2008
Признанија Најкорисен играч на сезоната 2003/04 Најдобра петорка на сезоната 2003/04
Наводи
Надворешни врски Профил на Александар Димитровски на eurobasket.com Профил на Александар Димитровски на fiba.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Гевгелија