Ирвинг Родриго Лосано Бахена (шпански: Hirving Rodrigo Lozano Bahena, роден на 30 јули 1995 година, во Мексико) — мексикански фудбалер, напаѓач на Сан Диего и на мексиканската репрезентацијата. Познат е по неговиот прекар Чаки.

Тој ја започнал својата кариера во Пачука, со која освоил една титула во мексиканското првенство во Клаусура 2016 и КОНКАКАФ Лигата на шампионите 2016-2017, играјќи вкупно 149 натпревари и постигнувајќи 43 гола за тимот. Во јуни 2017 година, тој потпишал за ПСВ Ајндховен, со кој го освоил првенството во својата прва сезона во Холандија и завршил како најдобар стрелец на тимот. Во 2019 година, Лосано преминал во за 42 милиони евра, што го направило најскапо платениот мексиканец на сите времиња. Во својата прва сезона тој го освоил Купот на Италија, а во последната сезона триумфирал со тимот во Серија А, пред да се врати во ПСВ во летото 2023.

Со Мексико под-20 тим, Лосано го освоил Првенството на КОНКАКАФ во 2015, а исто така играл и на Олимпијадата во 2016 година. Тој го направил своето сениорско меѓународно деби во февруари 2016 година и ја претставувал нацијата на Копа Америка Сентанарио, Купот на конфедерации 2017, Светските првенства во 2018 и 2022 и КОНКАКАФ Голд купот 2021.

Титули Клупски Пачука Примера Дивисион : 1 Клаусура 2016 КОНКАКАФ Лига на шампиони : 1 2016-2017

ПСВ Ајндховен Ередивиси : 2 2017-2018, 2023-2024

Наполи Серија А : 1 2022-2023 Куп на Италија : 1 2019-2020

Наводи

Надворешни врски Ирвинг Лосано на страната на worldfootball.net

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Мексикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико) Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од МЛС