Стара џамија — џамија во долнореканското село Ростуше. Џамијата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот.

Историја Џамијата веројатно била изградена во XVII век, но историски претрпела неколку градежни зафати, така што нејзиниот првобитен изглед е изменет. Минарето на џамијата било изградено во поново време.„Реканско културно-историски споменици“. Македонска нација. 17 октомври 2012.

Архитектура мини|лево|200п|Архитектурниот стил на џамијата Градбата на џамијата има квадратна основа и пирамидален кров. Таа била изградена од дрво, што е најмногу забележиелно од нејзината предна страна, и камен, што се забележува на дел од страничните ѕидови и задната страна. Ѕидовите на џамијата се одликуваат со повеќе прозорци, кои на предната страна се во еден ред, додека на страничните ѕидови во два реда. Во делот од јужниот ѕид каде што завршува дрвената градба и продолжува онаа од камен се забележува разлика во големината и распоредот на прозорците. Минарето на џамијата е изградено од бигор. Дворот на џамијата е ограден со камена ограда, а во него се сместени муслиманските гробишта.

Поврзано Нова џамија Ростуше Дебарско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ростуше Категорија:Џамии во Општина Маврово и Ростуше Категорија:Џамии во Дебарското муфтиство