Лорис Свен Кариус (, во Биберах ан дер Рис) — германски фудбалер, голман на Шалке 04.

Кариус ја започнал својата кариера со Штутгарт пред да се пресели во Манчестер Сити во 2009 година. По две години во младинскиот систем во Манчестер Сити, тој се вратил во Германија во . Откако се етаблирал како прв избор на голманската позиција во клубот од Бундеслигата, тој направил трансфер во Ливерпул во 2016 година за сума од 4,75 милиони фунти.

Кариус ја претставувал Германија во младите репрезентации од под 16 до под 21 година, но никогаш не заиграл за сениорската репрезентација.

Животопис Кариус е роден во Биберах ан дер Рис, Баден-Виртемберг на 22 јуни 1993 година од Кристин и Харалд Кариус. Харалд сакал неговиот син да стане мотокрос-возач, но дедото на Лорис, Карл, го охрабрил да се фокусира на фудбалот.

Кариус учел во гимназијата во Биберах, додека не се преселил во Англија во 2009 година, каде што тогаш бил приватно обучен.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК Унион Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04