мини|225x225px|3D репрезентација на рибозомот. На сликата е прикажан 3D-аранжманот на 23S и 5S рРНК во 50S рибозомната подединица на E. coli, врз основа на крио-електронска микроскопска реконструкција.|алт= 23S рРНК е рибонуклеинската компонента на големата подединица (50S) на прокариотскиот рибозом, со должина на нуклеотидната низа (кај Е. coli) од 2904 нуклеотиди. Рибозомниот пептидил трансферазен центар се наоѓа во доменот V на 23S рРНК, и овој домен е најчестата локација за врзување на антибиотиците кои го инхибираат процесот на транслација кај бактериите. Најпознатиот припадник на оваа класа на антибиотици, хлорамфеникол, делува на тој начин што го инхибира формирањето на пептидните врски, а 3D-структурните истражувања укажуваат на тоа дека постојат две различни места за врзување на молекулата на хлорамфеникол, во зависност од видот на организмот. Линезолид и хинупристин/далфопристин, исто така, се врзуваат за 23S рРНК, а помеѓу овие антибиотици постои вкрстена резистентност. Во споредба со 16S рРНК гените, 23S рРНК-гените обично имаат повисок степен на варијации во низите, вклучувајќи вметнувања и/или бришења.

Поврзано

рРНК 16S рРНК

Наводи

Категорија:Нуклеински киселини Категорија:РНК