Адам Загајевски (; , — , ) — полски поет, романописец, преведувач и есеист. Во 2004 година бил награден со Нојштадската меѓународна награда за литература, во 2016 со Грифиновата поетска награда за животно дело, во 2017 со Наградата на принцезата на Астурија за литература и во 2018 година со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Животопис Адам Загајевски е роден во 1945 година во Лавов (од 1 јануари 1946 година дел од Украина), од татко Тадеуш Загајевски и мајка Лудвика Загајевска, родена Турска. Истата година семејството Загајевски било преселено од Лавов во централна Полска во рамките на трансферот на полско население (1944-1946). Тие се преселиле во градот Гливице каде Адам матурирал. Потоа, тој студирал психологија и филозофија на Јагелонскиот универзитет во Краков. Во 1968 магистрирал на психологија, а две години подоцна и филозофија. Работел како асистент на универзитетот за рударство и металургија во Краков.

Во 1967 година го имал своето поетско деби со Музика, поема објавена во магазинот Жиче литерацке (). Своите дела ги објавува во магазини како Одра (1969-1976) и Твурчошќ (1969, 1971-1973). Во тоа време, се вклучил во книжевното движење Нов бран (Nowa fala), познато и како Генерација 68. Целта на групата било „спротивставување на фалсификувањето на реалноста и присвојувањето на јазикот од комунистичката идеологија и пропаганда“. По потпишувањето на „Писмото на 59-мината“ неговите дела биле забранети од комунистичките авторитети во Полска. Во 1982 година, емигрирал во Париз, но во 2002 година се вратил во Полска заедно со неговата сопруга Маја Водецка и живее во Краков. Член е на Друштвото на писателите на Полска.

Неговото книжевно творештво добило меѓународно признание и било преведено на многу јазици. Претставувајќи го поетскиот лик на лауреатот на Струшките вечери на поезијата 2018, проф. Танушевска од катедрата за славистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје подвлекла: „Адам Загајевски пишува поезија и есеистика во духот на филозофската и културната ерудиција, а неговата лирика со сигурност може да се опише со категориите на современиот класицизам. Наместо јазични игри се служи со т.н. „семантичка прозрачност“, бидејќи самиот смета дека најважната одлика на поезијата е смислата, а не обликувањето на јазикот... Добро е што полската поезија го има Адам Загајевски. Неговиот бел стих, длабок и рафиниран, насочен кон читателот, допира до многу луѓе во светот. Тој е амбасадор на полската поезија и тоа онаа, како што велат „Полјаците“ од „највисоката полица“. Денес, Загајевски е пред сè поет на убавиот, импресионистички и симболичен израз, преку кој сака да ги дофати различните аспекти на човековиот бит“.поетски-портрет-на-лауреатот-на-злат/?lang=mk Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2018 година на семрежното место на Струшките вечери на поезијата Јоахим Баер, критичар во „Светската книжевност денес“ (World Literature Today) посочил дека повторените теми на поезијата на Загајевски ги вклучува „ноќта, соништата, историјата и времето, бесконечноста и вечноста, тишината и смртта“.

Библиографија мини|Адам Загајевски и Вислава Симборска во 2005 година

Поезија Известување (1972); Месарници (1975); * Писмо. Ода на мноштвото (1982); Да се патува за Лавов (1985); Платно (1990); Огнена земја (1994); Копнеж (1999); Враќање (2003); Антени (2005); Невидлива рака (2009); Асиметрија (2014). Проза, есеи Непретставениот свет (соавтор: Јулиан Корнхаузер) (1974); Втора издишка (1978); Солидарност и самотија (1986); Два града (1991); Во туѓата убавина (1998); Одбрана на занесот (2002); Поетот разговара со филозофот (2007); Благо претерување (2011); Поезија за почетници (2017).

Награди Златен венец на СВП (2018) Награда на принцезата на Астурија (2017) Грифинова поетска награда (2016) Награда Хајнрих Ман (2015) Нојштадска меѓународна награда за литература (2004) Награда Виленица (1996) Награда Кошчелски (1975)

Ордени и одличја Командантски крст на редот на Преродена Полска – 2012, за извонредни достигнувања во креативната дејност, како и за публицистичка и издавачка дејност, за заслуги во промовирањето на книжевноста Офицерски крст на редот на Преродена Полска - 2007 година Бронзен крст за заслуги - 1998 Златен и бронзен медал за Заслуги во културата Глорија Артис - 2005 година Кавалир на редот на Легијата на честа (Франција) - 2016 за ширење на вредностите што ги брани Франција.

Наводи

Надворешни врски

Profile and poems by Adam Zagajewski at PoetryFoundation.org Poems by Adam Zagajewski at Samizdat Profile and poems by Adam Zagjewski at Poets.org Adam Zagajewski at culture.pl Profile at Poetry International Interview with Adam Zagagjewski in Barcelona Metropolis Magazine, Autumn, 2009 Recorded at the Lensic Theater in Santa Fe, New Mexico on 1 May 2002. (Audio, 70 mins)

Категорија:Полски поети Категорија:Полски есеисти Категорија:Полски преведувачи Категорија:Полски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите Категорија:Носители на Легијата на честа