Марк Питер Кристијан (; р. ) — мански професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .

Бил дел од олимписката развојна програма на Велика Британија. Во 2010 година го освоил брозениот медал во дисциплината 40 километри скреч на Комонвелтските игри 2010. Тој е брат на велосипедистката Ана Кристијан.

Кариера

Во 2007 година, Кристијан потпишал со олимписката развојна програма на Велика Британија. Во 2008 година ја освоил јуниорската Трка околу Германија и освоил бројни медали на Европското велодромско првенство.

Во февруари 2009 година, Кристијан бил избран во составот на Велика Британија за Светскиот куп во Копенхаген. Подоцна во месецот го освоил државното првенствот во медисон во Манчестер, заедно со сонародникот Питер Кеноџ. Во јули го освоил среброто во дисциплината екипна потера под 23 години и бронзата во дисциплината бодовна трка под 23 години на Европското велодромско првенство во Белорусија.

Во 2010 година, Кристијан бил потврден како дел од составот на Островот Ман за Комонвелтските игри 2010. На 6 октомври завршил трет во финалето на бодовната трка од 40 километри во Делхи и го освоил бронзениот медал. Исто така стигнал до финалето во скреч на Игрите, каде завршил како шести.

Кристијан ја започнал 2011 година на Светскиот велодромски куп во Пекинг. Го освоил бронзениот медал како дел од екипата во екипна потера.

Во ноември 2011 година, Кристијан потпишал за професионалната екипа .

Кристијан го освоил државното првенство во медисон по третпат во јануари 2012 година, овој пат со Сајмон Јејтс.

Се приклучил на за сезоната 2013. Во 2015 година, Кристијан се префрлил во новата екипа составена од Бредли Вигинс со цел да ги подготви британските возачи за екипната потера на Летните олимписки игри 2016. Кристијан се приклучил на екипата во својата прва сезона во 2017 година.

Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.

Достигнувања

2008 Национални јуниорски велодромски првенства 1. 20п Поединечна потера 1. 20п Бодовна трка Трка околу Велс за јуниори 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Планински пласман 2009 Национални велодромски првенства 1. 20п Медисон (со Питер Кенох) 3. 15п Скреч 2010 Национални велодромски првенства 1. 20п Медисон (со Лук Роу) 3. 15п Бодовна трка 7. Краен пласман ЗЛМ Тур 8. Краен пласман Тур де Берлин 2011 3. 15п Национално велодромско првенство - бодовна трка 2012 1. 20п Национално велодромско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс) 2014 1. 15п Светски велодромски куп - медисон со Овен Дул) 2. 15п Национално велодромско првенство - бодовна трка 2. Трофеј Бомон 2016 5. Краен пласман Тур Алзас 6. Краен пласман Околу Словачка 2017 7. Краен пласман Тур де Јоркшир 2018 1. 20п Планински пласман Тур де Свис 2019 3. Краен пласман Тур Резервоар

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2017 2018 2019 2020 2021 20п Џиро————76 20п Тур————— 20п Вуелта138————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Мански велосипедисти Категорија:Британски велосипедисти