мини|десно|250п|Дворецот Петерхоф со каскадните водоскоци. thumbnail|„Колибата“ (1829) во паркот „Александрија“ — летна резиденција на царот Николај I.
Петерхоф (, од , „Петров двор“), 1944-1997 г. Петродворец — град во Петродворечкиот реон, под надлежност на федералниот град Санкт Петербург, сместен на јужниот брег на Финскиот Залив. Населението брои
Во градот е сместен еден од двата кампуса на Санктпетербуршкиот државен универзитет, како и погоните на Петродворечкиот часовнички завод — водечкиот производител на часовници во земјата. Најзначајна знаменитост на градот е истоимениот дворец „Петерхоф“ со своите градини, изградени од архитектот Бартоломео Растрели (1700-1771) по наредба на царот Петар Велики и го носат прекарот „Рускиот Версај“. Овој збир од дворски градби, заедно со градскиот центар на Санкт Петербург е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.
Дворци, фонтани и градини
Дворецот Петерхоф е изграден на 16-метарска спила, стотина метри од морскиот брег. Помеѓу карпестите воздишенија и брегот е сместена Долната градина (Нижни сад), која е распослана на површина од и зафаќа најголем дел од дворскиот комплекс, протегајќи се од исток кон запад во должина од 200 м. Тука се поставени највеќето фонтани, како и неколку помали дворци и помошни објекти. Источно од Долната градина е сместен паркот „Александрија“ украсен со неоготски градби од XIX век како Готската кепела, дело на прочуениот германски архитект Карл Фридрих Шинкел (1781-1841).
Над карпите, кај средината на Долната градина се протега Големиот дворец. Јужно од него е релативно малата Горна градина (Верхни сад). По падината на спилата под дворецот е изградена Големата каскада — главната атракција на целиот комлекс. Под неа почнува Морскиот Канал, кој се вбројува меѓу најкрупните хидротехнички зафати на барокниот период, и ја дели Долната градина на две полоовини.
Петродворечки часовнички завод Во Петерхоф се наоѓа најстарата фабрика во Русија, основана во 1721 г. од Петар Велики, најпрвин како леарско-каменорезачки завод за изградба на дворецот Петерхоф, но и други дворци во Санкт Петербург. Во 1920-тите отпочнало производството на делови за часовници, а по Втората светска војна заводот почнал со производство на целосни часовници со марка „Победа“, во 1961 г. преименувана во „Ракета“. Во 1985 г. заводот имал дури 7.500 вработени, произвесдувајќи 5 милиони рачни часовници годишно. Денес останува последната часовничка фабрика во Русија со целосно самостојна изработка на механизми, иако обемот на производство е значително помал.Документарец за историјата на Петродворечкиот часовнички завод „Ракета“ на руски со англиски превод.Факти и написи за историјата на Петродворечкиот часовнички завод „Ракета“
Сообраќај thumb|Источната капела, едно од двете крилни зданија на средишните згради.
Градот го опслужуваат три железнички станици: Нов Петерхоф, Стар Петерхоф и Универзитет. До дворците се стигнува и со хидроглисери кои поаѓаат кај Зимскиот дворец во Санкт Петербург, но лесно се достапни и преку автопат. Меѓу Санкт Петербург и Петерхоф редовно сообраќаат јавни превозни средства и поединечни такси-возила.
Горната градина е пристапна бесплатно, а влезот во Долната градина се наплаќа. Дворците и гротото можат да се посетат само со водич.
Збратимени градови Бад Хомбург, Германија Ле Блан Менил, Франција Сопот, Полска
Наводи
Литература Vernova, N (2004). Peterhof: The Fountains. St. Petersburg: Abris. Vernova, N (2004). Peterhof: The Grand Palace. St. Petersburg: Abris.
Надворешни врски
Управен портал на Петерхоф Официјална страница на музејот Петерхоф Петерхоф: историја на градините и градот Петродворечки часовнички завод
Категорија:Градови во состав на Санкт Петербург Категорија:Наукоградови Категорија:Градби на Бартоломео Растрели Категорија:Барокна архитектура во Русија Категорија:Преименувани населени места во Русија