Туфахија — вид многу сладок десерт, колач, по потекло од Персија. На Балканскиот Полуостров дошол со турските освојувачи. Туфахија означува слатко јадење од варени јаболка во шеќер, филувани со ореви.

Потекло на поимот мини|Туфахија Туфахија, множина туфахии. Потекнува од турското tṹffahiye, од арапското (تفاح (tuffàh) - јаболка).

Подготовка Туфахии се подготвуваат така што се лупат јаболката, се чистат од семките и се варат во слатка вода со додаток на сок од лимон.

Филот се прави од: путер, мелени ореви или бадеми, павлака, шеќер и шлаг-пена. Таквиот колач се украсува со вишна на врвот, а може да се додава и џем од кајсии или друго овошје.

Посебно се прави филот тако што се мати путер, белка и слатка павлака. Во изматената смеса се додаваат по желба мелени ореви, мелени бадеми и мелено кафе, додека сè не се изедначи.

Со филот се полнат јаболките и се пресипуваат со шеќерен сируп (шербет) и се украсуваат со шлаг. На врвот на секоја вака прелиена јаболка се става вишна или цреша.

Туфахиите се служат ладни.

Поврзано Тулумби Баклава Шербет Боза Кадаиф Сутлијаш Урмашици Локум Алва Татлија Пекмез Џем

Наводи

Надворешни врски

Рецепти за туфахија

Категорија:Македонска кујна Категорија:Јаболкови производи Категорија:Колачи Категорија:Слатки Категорија:Босанско-херцеговска кујна Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ