Сер или Серез (грч. Σέρρες, Серес; , Серез) — град во Егејска Македонија. Тој е главен град на периферија во Централна Македонија, денешна Грција. Претставува и административен центар на Серскиот Округ и истоимената Општина Сер.
Географија Градот се наоѓа во Серското Поле, на 24 км источно од реката Струма во падините на планината Шарлија ( Βρόντος) и 69 км североисточно од Солун.
Историја Градот е основан од пајонското племе Сиропајони. Римјаните го спомнуваат како Serrae или Serrhae. Подоцна се истакнал како поважен град на Византија, штитејќи ја северната граница и патот низ Рупелската Клисура кон Бугарија. За кратко време бил освоен од Бугарите во X век. Во XIV век го освоиле Србите и се спомнува како главен град на царот Стефан Душан. Во 1383 година е заземен од Турците и во нивни раце останува сè до 1912 година. Тогаш по Првата балканска војна и припаѓа на Бугарија, но на следната 1913 година влегува во границите на Грција. За време на Првата и Втората светска војна повторно е окупиран од Бугарија.
Поврзано Серско Поле Серска тврдина
Наводи
Надворешни врски Мрежно место за градот Сер Информација за Сер (грчки и англиски)
Извори
"Sérrai." Encyclopædia Britannica, 2006. "Sérrai, Siris, or Serres." The Columbia Encyclopedia, 2004.
Категорија:Сер (општина) Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Утврдени населби