Васил Левски, роден како Васил Иванов Кунчев (, стар правопис: Василъ Лѣвскій; Карлово, 18 јули 1837 — Софија, 18 февруари 1873) — бугарски револуционер, идеолог, стратег и теоретичар на бугарската национална револуција, водел борба за ослободување од турското ропство. Поради неговата голема важност за ослободувањето на Бугарија, Левски е национален хероj за Бугарите и често е нарекуван „Апостолот на слободата“. Опеан е во народни песни во Бугарија, и во мала мера во некои делови од Македонија.„Песна за Васил Левски“ от Тиквешията; Коста Църнушанов. „БЪЛГАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОТ МАКЕДОНИЯ“. Държавно издателство „Музика“, София, 1989. стр. 395.
Животопис
Рани години Левски е роден во 1837 година во градот Карлово, просперитетен индустриски центар во тоа време. Се замонашил на дваесет и четири години (затоа често е нарекуван и Ѓаконот), но подоцна ја напуштил црквата за да води револуционерна борба против Османлиското Царство.
мини|Васил Левски во Втората Бугарска легија, во Белград 1867 г.|лево|309x309пксВо 1862 година Левски отишол во Србија, каде што се запишал како доброволец во Бугарската легија, која била организирана од еден друг бугарски револуционер, Георги Раковски. Лозинката „Левски“ („лев“ е бугарски збор за „лав“) е од овоj период - во време на подготовката тој направил еден долг скок, кој бил сметан од неговите другари како лавовски скок. Меѓу 1862-1868 година тој зел учество во сите бугарски вооружени напади против Отоманското Царство. Револуционерни идеи и теории Кон краjот на 60-те години на 19 век, Левски развил една револуционерна теорија, која била решителен чекор за Бугарското ослободително движење. Теоријата се осврнала на националната ослободителна револуција како вооружено востание на сите Бугари во Отоманското Царство.мини|Втората бугарска легија во Белград, кон крајот на 1867 или почетокот на 1868 година. Левски е седнат трет одлево.
Востанието требало да биде подготвено, контролирано и координирано од централна револуционерна организација. Оваа оранизација требало да вклучува определен број месни револуционерни комитети во сите делови на Бугарија и требало да фунционира независно од туѓите сили. Теоријата на Левски се појавила како резултат од многуте неуспешни обиди да бидат реализирани идеите на Раковски, т.е. вооружени чети коишто доаѓале од соседни држави да провоцираат општо востание кое требало да доведе до ослободување на Бугарија. Тој ги објаснува своите тези во 1871 година во писмото испратено до Љубен Каравелов на следниов начин:
Организирање на револуционерна мрежа
мини|Левски, околу 1870 г.|276x276пксВо 1869 година Левски се зафатил да ги организира локалните револуционерни комитети. Кон средината на 1872 тој веќе успеал да создаде една голема мрежа на комитети во бугарските градови и села, коишто биле потчинети и во постојан контакт со нелегалната бугарска влада во Ловеч. Комитетите купувале оружје, организирале вооружени чети и казнени акции против особено злите турски чиновници и бугарски предавници.
Во текот на мај 1872, Бугарскиот револуционерен централен комитет (БРЦК) и Внатрешната Револуционерна Организација биле убедени дека координирањето на напорите ќе биде вредно за сите и се обединиле во една организација. Васил Левски бил одреден за главен апостол на цела Бугарија, Тракија и МакедонијаИстория на българите в осем тома, том 5, Димитър Зафиров, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2007, ISBN 9546212350, стр. 287. и добил полномоштво да ги управува структурите изградени во Бугарија. Левски го пишува следново за Македонија во писмо од 6 август 1872 година до д-р Константин Робев од Охрид:
Во истото лето на 1872 година Левски го основал и првиот таен комитет во Македонија, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, недалеку од Крива Паланка.Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912. Славе Гоцев, Издателство на Отечествения фронт София, 1988, стр. 51-52. Во есента на 1872 година почнала изградбата и на посебните револуционерни окрузи.
Фаќање Поради предавство Левски е фатен од Османлиите на 27 декември 1872 година и обесен на 18 февруари 1873 година во околината на Софија.
left|thumb|150px
Наводи
Надворешни врски Личниот тефтер на Васил Левски Васил Левски - писма и документи
Категорија:Бугарски револуционери Категорија:Родени во 1837 година Категорија:Починати во 1873 година Категорија:Бугари Категорија:Луѓе од Карлово Категорија:Починати во Софија