мини|д|Наводно тело на Кадборосаурус од 1937 Кадборосаурус (англиски: Cadborosaurus willsi) уште познат како Кади (Caddy), е назив за морска змија која наводно живее на тихоокеанскиот брег на Северна Америка. Го добил името по заливот во кој најмногу пати е виден. Луѓето кои го виделе го опишуваат слично како што се опишуваат морските чудовишта Огопого и Неси.
Опис Луѓето го опишуваат како морска змија која нурка и излегува од водата. Повеќето од луѓето не му ја виделе главата, а оние кои ја виделе кажуваат дека има глава со иста големина како и коњска глава, дека на опашката има перки. Сите кажуваат дека многу бргу плива.
Животни кои би можеле да бидат Кадборосаурус Во заливот каде е виден живеат многу морски лавови и много научници мислат дека тие се Кади. Некои луѓе исто така мислат дека би можел да биде морско куче, затоа што ако морско куче плива близу до површината неговите перки можат да бидат наводни Кадиеви грпки.
Кадиево тело Во 1937 година во желудникот на мртов кит пронајдено е мртво суштество кое личело на морска змија. Никогаш не е откриено што е тоа всушност, затоа што телото исчезнало неколку недели откако е откриено. Многу денес мислат дека Кадборосаурус е всушност нов вид на животно кое не било откриено и дека телото било мртов Кадборосаурус.Context, Cryptozoology and the Cadborosaurus | The Necromancer
Поврзано Морски чудовишта Криптозоолошки влекачи и водозeмци
Наводи
Надворешни врски Кади, морската канадска змија Cryptomundo: Кадборосаурус? Кадборосаурус Кадборосаурус Криптидска зоолошка:Кадборосаурус Извештаи за Кадборосаурус.
Категорија:Канадски фолклор Категорија:Крајбрежје на Британска Колумбија Категорија:Култура на Британска Колумбија Категорија:Канадски легендарни суштества Категорија:Водни криптиди Категорија:Глобстери Категорија:Морски змии Категорија:Влекачки криптиди