thumb|upright=1.2|Вратата на Витембершката црква мини|десно|400п|Времеследен приказ на поважните гранки на протестантството настанити по реформацијата. Протестантство — религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на реформацијата во Европа во 16 век. Поимот за првпат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква"Protestantism." Encyclopædia Britannica. 2010. Encyclopædia Britannica Online. 15 Nov. 2010 <http://www.britannica.com/topic/479892/Protestantism>.. Називите протестант иил пак протестантство произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот завет.

Денеска, Протестантството претставува една од трите основни деноминации во христијанството. Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%. Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност е протестантско.

Еден од првите протестантски реформатори бил свештеникот Јан Хус, професор по теологија, словен, кој живеел на територијата на денешна Чешка и кој станал маченик за верата во 1415 година. Хус поучувал дека Писмото е поважно од традициите. протестантската реформација се проширила по цела Европа во 1517 година, кога друг католички свештеник и професор по теологија, Мартин Лутер, ја повикал на обнова католичката црква. Тој велел дека кога Библијата е во конфликт со црковните преданија, тогаш е потребно да се потчинуваме единствено на Библијата. Лутер изјавил дека црквата постапува неправилно со тоа што дава можност да се купуваат индулгенции (потврди за простени гревови) преку кои луѓето ќе можат да влезат во рајот. Тој исто така тврдел дека спасението единствено се добива преку верата во Христос, а не се “заработува” преку вршење добри дела. Денес протестантската реформација е распространета низ целиот свет. Како резултат на тоа се оформиле цркви, како што се лутеранската, методистичката, англиканската, а потоа и баптистичката, пентскостната и други.

Евангелско протестантските цркви веруваат дека секој христијанин одговара за својот духовен живот н секој треба да ја чита и проучува Библијата. За ова убедување тие се потпираат врз учењето од Дела на Апостолите (17:11) каде што се вели: “Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. Библијата исто така нѝ зборува “да го скриеме” Божјото Слово во срцата, за да не му грешиме на Бога (Псалм 118 (119):11). Апостол Павле го пофалува Тимотеј, велејќи: “Бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што може да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.” (2 Тимотеј 3:15).

Почеток

Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на црквата Св. Петар во Рим. Творец и водач на реформацијата во Германија бил Мартин Лутер (1483-1546 г.), професор по Богословија на Универзитетот во Витемберг. Во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите „95 тези“, според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението.

Протестантски правци thumb|Мартин Лутер Протестантството односно протестантската реформација се развила во три правци: Лутеранство - во Германија, Скандинавија и Средна Европа Калвинизам - во Швајцарија, Франција, Холандија и Шкотска Англиканство - во Англија

Лутеранство

Во Германија, ова движење било поткрепено од страна на германските кнезови, но дури по Вестфалскиот договор во 1648 година, со кој договор завршила Триесетгодишната војна, лутераните добиле еднакви права како католиците. Како основач на лутеранството се смета Мартин Лутер. Лутеранството започнало како обид за реформирање на Римокатоличката црква. Мартин Лутер под отворено небо се спротивставил на Римокатоличката црква. Лутер ја превел Библијата на германски јазик, го објаснил библиското учење за спасувањето преку вербата, изложено од страна на Апостол Павле, и проповедал теологија, центрирана околу личноста на Господ Исус Христос. Неговите трудови станале основа за натамошниот развој на реформацијата.

Калвинизам thumb|150п|Жан Калвин thumb|150п|Улрих Цвингли Во Швајцарија, реформацијата била распространета најпрвин во Цирих во 1516 година преку Улрих Цвингли. Според него, реформацијата имала национален карактер, и како таква, тој сметал дека секуларната власт нема право да се меша во работите на црквата. Во текот на 1528 година го напишал Коментарот околу правната и лажната религија, а следната 1529 година во Марбург заедно со Лутер дискутирале околу суштината на евхаристијата, држејќи на тоа дека Христос е присутен само духовно и симболички. Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква, меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих. Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години.

Жан Калвин, протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Во 1536 година, тој ја објавил книгата Институции на христијанската религија, во која ги прецизирал разликите помеѓу својата и протестантската теологија. Тој признал само две тајни: крштевање и евхаријстија. Тој ги одбил концепциите на Цвингли во врска со симболичките вредности на евхаристичкото учење, зборувал во врска со градот Божји односно околу црковната организација и дисциплина.

Англиканство thumb|150п|Хенри VIII Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална христијанска црква во Англија и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf

Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет. Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од реформацијата од 16 век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на Мери I, но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква. Со таа цел во 1559г. парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римокатоличката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија. Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква. По празнувањето на Велигден парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, Актот за врховна власт и Актот за униформност. Првиот акт ја потврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква. Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да ѝ пишува титуларно. Ова било многу важно бидејќи луѓето во XVI век едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава. Вториот едикт, Актот за униформност, требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во Англија. Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на папата од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката литургија во црквите. По распуштањето на парламентот Елизабета заедно со Вилијам Сесил донеле редица на закони познати како Кралски налози. Тие доаѓале нешто како продолжеток на религиозната реформа и се однесувале на католиците, се забранувала римокатоличката свештеничка облека, се забранувала употребата на лебот во црковната служба и др. Во окрузите низ кралството каде доминантно било католичко население постоело одредено негодување кон реформите, па така што одредени измени биле неопходно вметнати со што послужиле за полесно официјално прифаќање од сите поданици на кралството.

Елизабета никогаш не ја сменила религиозната нагодба и покрај жестоките протести од страна на протестантите (пред сѐ од пуританците), со што основата на денешната Англиканска црква потекнува токму од религиската нагодба од 1559 година. Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата.

Анабаптизам

Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството. Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос. Тие се спротивставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух. Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални.

Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување. Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер. Тој бил предводник на т.н. Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени.

Баптизам

Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснет верник. Почетоците на Баптистичката црква се во Велика Британија и САД. Денеска претставуваат една од најголемите протестантски заедници. Од редовите на баптистите бил и Мартин Лутер Кинг.

Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници. Оваа верска заедница била основана од страна на Џон Смит, кој живеел во прогонство во Амстердам. Најпрвин Смит сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат литургијата, молитвата, пеењето и проповедањето бидејќи истите морало да бидат целосно спонтани. Смит одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето требало да биде по наредба на Светиот Дух.