Домагој Вида (роден на , во Осиек) — хрватски фудбалер, играч од одбраната на АЕК Атина и поранешен репрезентативец на Хрватска (2010-2024).
Клупска кариера Домагој поминал низ сите младински клубови на Осиек. Со 14 години почнал да тренира, и за три години стигнал до првиот тим на Осиек. Наредните четири сезони ги ппоминал во клубот на Осиек, и за тоа време бележи 88 настапи. Со одличните игри во дресот на Осиек привлекол внимание од многу клубови. Прво заминал во загрепскиот Динамо Загреб. Сепак во јули 2009 година за 2/5 милиони евра преминал во ФК Бајер Леверкузен. Во својата дебитантска сезона во дресот на ФК Бајер Леверкузен ги бележи првите настапи во европските натпревари. Дебитираше во 16 септември 2010 година, како измена во мечот против ФК Розенборг. Во Бундеслигата дебитирал на 5 март 2011 година во мечот против ФК Волфсбург.
Репрезентација Ги поминал сите младински селекции на Фудбалска репрезентација на Хрватска. За селекцијата А дебитирал на 23 мај 2010 годинана пријателскиот меч против Фудбалска репрезентација на Велс. Влегол во игра во 75. минута.
Наводи
Надворешни врски
Домагој Вида на soccerway Домагој Вида на transfermarkt Домагој Вида на espn Домагој Вида на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Киев Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Фудбалери на ФК АЕК Атина