Cutibacterium acnes (порано позната како Propionibacterium acnes) е релативно спорорастечка, типично аеротолерантна анаеробна, Грам-позитивна бактерија поврзана со појава на кожни болести како акни; но исто така може да предизвика хроничен блефаритис и ендофталмитис, особено после интраокуларна хируршка интервенција. Геномот на бактеријата е секвенциониран.
Првично била идентификувана како Bacillus acnes, подоцна преименувана како Propionibacterium acnes поради способноста да создава пропионска киселина. Во 2016, P. acnes била таксономски рекласифицирана како резултат на биохемиски и геномски студии.
Наводи
Категорија:Бактерии