мини|десно|350п|Карта на суверените територии заедно со Сеута, Мелиља и островот Алборан.

Суверени територии (, букв. „суверени места“) — територии на Шпанија во Северна Африка, расеани низ средоземниот брег близу Мароко. Називот се однесува на фактот што овие територии се составел дел од Шпанија уште од нејзиниот настанок како државна целина (1492–1556), за разлика од африканските територии стекнати во XIX и XX век.

Во минатото се правела разлика помеѓу „главни“ и „споредни“ суверени територии. Првите ги офпаќале градовите Сеута и Мелиља, а вторите ги подразбирале малите островски енклави долж крајбрежјето. Денес поимот се однесува само на вториот случај, а двата града имаат посебен статус.

Историја мини|десно|Поглед на Пењон де Алусемас од воздух, околу 1925 г. За време на реконквистата и освојувањето на Гренада во 1492 г. војските на Кастиљското и Португалското Кралство освоиле низа пристанишни места на северноафриканскиот брег за трговски цели и заштита од берберското пиратство.

Во 1415 г. Португалците ја освоиле Сеута. Во 1481 г. е издадена папската була „За вечниот крал“ () со која на Португалија ѝ се доделува сета земја јужно од Канарските Острови. Шпанските владенија во Африка се свеле на Санта Крус де ла Мар Пекења (1476–1524), Мелиља (освоена од Педро де Естопињан во 1497 г.), Виља Сиснерос (основана во 1502 г. во денешна Западна Сахара), Масалкибир (1505), Пењон де Велес де ла Гомера (1508), Оран (1509–1790), Алжир (1510–1529), Буџа (1510–1554), Триполи (1511–1551) и Тунис (1535–1569). Подоцна Португалија се осамостоила од Шпанија, предавајќи ѝ ја Сеута на Шпанија во 1668 г.

Во 1848 г. шпанската војска ги освоила Чафаринските Острови. Кон крајот на XIX век се случила т.н. „поделба на Африка“ кога европските држави завладеале со највеќето од африканскиот континент. Со Фескиот договор од 30 март 1912 г. најголемиот дел од Мароко станал протекторат на Франција, додека пак на Шпанија ѝ припаднала улогата на заштитник на северните делови, наречени Шпанско Мароко.

Со признавањето на независноста на Мароко во 1956 г. Шпанците не ги повратиле овие ситни територии бидејќи истите биле во нивно владение уште пред воспоставувањето на протекторатот.

На 11 јули 2002 г. мароканската влада поставила шестчлена жандармерија на островот Перехил, што поттикнало значајно негодување во Шпанија, проследено од операција на шпанските специјалните единици со поддршка на морнарицата и воздухопловството. Шесте марокански кадети не пружиле никаков отпор и веднаш се предале, по што биле отстранети од островот, кој денес останува напуштен.

Физичка географија

Историски постојат три суверени територии на Шпанија:

Територија Шпански назив Местоположба Површина(ха) Алусемски Острови Islas Alhucemas 4,6МарIsla de Mar 1,4 Пењон де Алусемас Peñón de Alhucemas 1,5 Тјера Isla de Tierra 1,7Пењон де Велес де ла Гомера Peñón de Vélez de la Gomera 1,9Чафарински ОстровиIslas Chafarinas52,5Изабела IIIsla de Isabel II 15,3Конгресен ОстровIsla del Congreso 25,6Кралев ОстровIsla del Rey11,6

Други острови Освен трите групи, суверените територии опфаќаат и уште два острова:

Перехил (Isla de Perejil) — мало ненаселено островче близу Сеута кое важи за дел од градската општина, а не самостојна територија. Алборан (Isla de Alborán) — друг мал остров во западното Средоземје, околу 50 км од африканскиот брег и 90 км од континентална Шпанија; управно ѝ припаѓа општината Алмерија од истоимената покраина во Андалусија.

Политичка географија Суверените територии се состојат од повеќе островчиња и еден полуостров врзан за мароканското копно (Пењон де Велес де ла Гомера), кој бил остров сè до силната бура од 1934 г. која направила песочен премин до копното. На нив се сместени воени гарнизони под непосредна управа на шпанската влада.

Оспорување Мароко го оспорува правото на Шпанија на териториите, како и на автономните градови Сеута и Мелиља. Стручњаците по меѓународно право го сметаат ова повикување за неосновано поради фактот што островите биле дел од Шпанија долго пред настанокот на Мароко.

Поврзано Шпанско Мароко Шпанска Африка

Наводи

Надворешни врски

Мали места на сувереност: Чафарини, Велес и Алусеми

Категорија:Административна поделба на Шпанија Категорија:Средоземно Море Категорија:Шпанска Африка Категорија:Северна Африка