Трка околу Полска 2018 — 75. издание на велосипедската етапна Трка околу Полска, која се одржала помеѓу 4 и 10 август како дваесет и осми настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од Михал Квјатковски, кој вози за .

Распоред

Шестата етапа првично била предвидена да биде помеѓу Закопане и Попрад во Словачка и да биде долга 180 километри, но поради финансиски потешкотии два месеци пред етапата, целта била променета до Буковина Татжањска и нејзината должина била 130 километри.

Екипи

Бидејќи Трката околу Полска е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Покрај полската национална екипа, уште три други професионални континентални екипи настапиле, со што главната група имала 22 екипи.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Завршен пласман

Поредок

На Трката околу Полска 2018 биле доделени четири различни маички. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој возач по секоја етапа, дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на крајот на сите етапи: етапниот победник освојувал десет секунди бонус, додека вториот и третиот, шест и четири секунди соодветно. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка; бил сметан за најважен пласман на Трката околу Полска 2018 и победникот на пласманот бил сметан како победник на трката.

+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 20 14 10 6 4 Бодови за 10 7 5 3 2 Бодови за 5 3 2 1 0 Бодови за 3 2 1 0 Бодови за 1 0

Постоел и планински пласман, каде што водството било означено со виолетова маичка. Во планинскиот пласман бодови се добивале со пристигнување прв на врвот на некое искачување пред другите. Секое искачување било категоризирано од прва, втора, трета или четврта категорија, каде што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачување. Удвоени бодови се добивало на искачувањето на премиер прва категорија на завршната етапа.

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, каде се доделувала белата маичка. Во боводниот пласман, велосипедистите добивале бодови ако завршиле меѓу првите дваесет на етапата. За победа на етапата се освојувало 20 бода, со еден бод помалку до 1 бод за 20. место. Четвртата и последна маичка го претставувала пласманот за активен возач, означен со сина маичка. Ова било одлучувано на средните спринтови, каде што се доделувале бодови во скалата 3-2-1.

Постоел и пласман за полски возачи. Се пресметувал и екипен пласман, каде што се земале времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман()25п Спринтерски пласман()25п Планински пласман()25п Пласман за активен возач()25п Пласман на полски возачи()  Екипен пласман()  1 Паскал Акерман Паскал Акерман Паскал Акерман Михал Палута Алесандро Де Марки Михал Палута 2 Паскал Акерман Јенте Бирманс 3 Алваро Одег Алваро Одег Алваро Одег 4 Михал Квјатковски Михал Квјатковски Јан ТратникМихал Квјатковски 5 Михал Квјатковски Паскал Акерман 6 Георг Прајдлер Лукаш Овсјан 7 Сајмон Јејтс Михал Квјатковски Патрик Конрад На крај Михал Квјатковски Михал Квјатковски Патрик Конрад Јенте Бирманс Михал Квјатковски

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Полска Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Полска во 2018 година