ФК Вердер Бремен (; или само Вердер Бремен) — германски фудбалски клуб од градот Бремен во северозападната германска град-држава Слободниот Ханзин Град Бремен. Клубот во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.
Вердер Бремен бил основан во 1899 година. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004) и шесткратен победник на Купот на Германија (1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009). Покрај тоа Вердер има освоено и еден Лига куп на Германија (2006) и 3 Суперкупа (1988, 1993, 1994). Освен на домашната тие можат да се пофалат и со успеси на меѓународната фудбалска сцена каде тримуфирале во Купот на победниците на куповите (1991-1992) и Интертото купот (1998). Исто така тие играле и во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2008-2009, во кое биле поразени од украинскиот Шахтар Донецк по продолженија со 2-1. Од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, клубот ги поминал сите сезони во Првата Бундеслига со исклучок на сезоната 1980-1981, кога завршиле како први во Втората Бундеслига и експресно се вратиле во елитната дивизија на Германија.
Своите домашни натпревари Вердер ги игра на стадионот Везер уште од 1924 година. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, па најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви. Најголемиот соперник на Вердер му е Хамбургер, со кого играат таканаречено Норддерби (превод на мак. Северно дерби).
Историја 1899-1933: Основање и првите децении На 4 февруари 1899 година група на 16-годишни студенти од семејства на трговци го основават Фусбалферајн Вердер фон 1899, чист фудбалски клуб, претходник на денешниот Вердер Бремен. Тие освоиле фудбалска топка на натпревар во влечење јаже и за првпат се натпреврувале со неа на речен остров во реката Везер, со што ги поставиле темелите на Вердер Бремен и неговото име (името "Вердер" на германски значи остров).Wallenhorst 1998, S. 103. Во декември 1899 година Вердер станал член на Бременскиот фудбалски сојуз. Во првите години, само мажите кои имале завршено високо образование и оние кој добиле двотретинско мнозинство од одборот имале дозвола да станат членови на клубот.Zeit.de: Fussball: Lebenslang Grün-Weiß Во 1903 година и трите формации на Вердер го освоиле првенството на Бремен во своите возрасни категории, а од 1905 година Вердер бил првиот клуб од градот, кој започнал да собира пари од билети за своите домашни натпревари и имал заграден терен на којшто играле.Werder.de: Die Vereinshistorie Во 1913 Вердер Бремен бил единствениот бременски клуб, којшто учествувал во новоформираната Северногерманска Фербандслига. Во тоа време клубот се спротивставувал на националистичките тенденции, особено од движењето Тарнер, кое го сметало фудбалот за "неадекватен спорт", а поради неговото англиско потекло и за "не-германски".Weltfussball.de: Überblick über die Vereinshistorie И покрај тоа Бременското првенство продолжило да се игра и за време на Првата светска војна и Вердер го освоил одново во 1916 година.
За разлика од некои други клубови, Вердер Бремен преживеал и продолжил да постои и покрај многуте загубени членови во војната, што главно се должело на посветеноста на тогашниот претседател Ханс Јабург. По војната започнало преструктуирањето на клубот, а од 1919 година и на жените им било дозволено да станат членови. Една година подоцна, во согласност со трендот на времето, се одвивало и проширувањето на клубот од чисто фудбалски кон воведување на клубови од останатите спортови, вклучувајќи тенис, шах и потоа бејзбол и крикет. Ова кореспондирало со извршување на промена на името на клубот во "Спортинг клуб Вердер Бремен" од 1899 година, со тоа што фудбалот останал најзначаен спорт во клубот. Ако бројот на членови пред Првата светска војна не ја надминал границата од 300, во послевоениот период бројот се зголемил на повеќе од 1.000.
Вердер Бремен бил првиот клуб во Германија кој ангажирал професионален тренер со полно работно време, тоа бил унгарецот Ференц Конја во 1922, кој бил финансиран од фондот за спортски наставници. Сепак, тогашната хиперинфлација и последиците од финансиските проблеми на Вердер довеле до неспособност за навремено исплаќање на примањата на тренерот и тој го напуштил клубот. Во 1924 година Конија одново се вратил.Wallenhorst 1998, 154 f. Од 1921 година Вердер играл во Весткрајс лига (првенство на Западниот Округ), која во тоа време била највисоката поделба на германската фудбалска лига. Во првата сезона, во оваа лига клубот завшрил на седмото место во конкуренција на осум екипи. Кога во следната сезона лигата била поделена на две подгрупи по регионален принцип - Јаде и Везер - Вердер ја освоил групата Везер и во финалето го растурил шампионот на групата Јаде Олденбург со 5-0. Така бременскиот клуб станал победник на Весткрајс лигата. Во квалификациската рунда за неофицијалното германско првенство Вердер бил поразен од Арминија Хановер и со тоа ги загубил шансите за титулата. Во 1926 година Вердер загубил со катастрофални 1-6 од Бремер Шпортферајн во првенството на групата Везер и не успеал да се избори за првото место. Вицешампионската титула на дивизијата била повторена и во следната година, кога клубот во финалето заагубил од Комет Бремен. Од 1928 година Вердер бил преместен во групата Јаде, но повторно не успеале да ја освојат Весткрајс лигата. Од сезоната 1928-1929 Веткрајс лигата била преструктурирана во Оберлига Везер/Јаде каде Вердер Бремен завршил на четврто место во неа. Во осминафиналнето од шампионскиот турнир Вердер загубил од Алтона 93, со 2-3 по продлженија, а две години подоцна клубот завршил на последното од четири места.
thumb|right|mini|АБТС Кампфбан (во 1928) игралиштето на кое денес се наоѓа стадионот на Вердер Бремен, Везерштадион. Две години по освојувањето на Весткрајс лигата Вердер сè уште не располагал со сопствен терен и во 1925 година конкурирале со екипата на Бремен 1860 (во тоа време клубот бил познат како АБТС) за добивање на правото за изградба на игралиште на брегот на реката Везер. АБТС го добил правото и изградил спортско игралиште, на кое поголемиот дел од бременските спортски клубови, влкучувајќи го и Вердер, ги играле своите домашни натпревари. Од 1930 година Вердер Бремен го откупува игралиштето и од тогаш тоа е во сопственост на клубот при што било променето и името од АБТС Кампфбан во Везерштадион.Werder.de: Historie des Weserstadions
1933-1945: Времето на националсоцијализмот
Периодот на националсоцијализмот донел значителни промени во германската фудбалска лига: била формирана Гаулигата со 16 групи, која од сега била највисока фудбалска лига во Германија. Вердер Бремен бил еден од основачите на Гаулига Долна Саксонија, каде што клубот бил во можност да ги забележи првите национални успеси. Во тоа време Везерштадион често бил користен за политички митинзи и пропагандни настани. Кога во Германија фудбалот добил статус на професионален спорт, дотогаш бил чисто аматерски, Вердер на почетокот на 1930-тите го засилил својот тим со некои играчи кој подоцна заиграле за репрезентацијата на Германија: во 1933, во Бремен дошле Ханс Тибулски и Матијас Хајдеман, двајца играчи кој го освоиле третот место со Германија на Светското првенство 1934. Хајдеман исто така ќе биде запаметен како првиот играч на Вердер Бремен кој го облекол на националниот дрес. Под раководството на тренерот Валтер Холштајн Вердер ја освоил Гаулигата на Долна Саксонија во 1934, 1936, 1937 и 1942 година. Во 1935 година клубот завршил на второто место, исто како и во 1943 година коха биле втори во Гаулига Везер-Емс. Во 1937 година Карл Мајер станал најдобар стрелец во завршницата на германското првенство со десет гола.
Диктаторското управување во државата се рефлектирало дури и врз клупското раководство на Вердер Бремен: во тоа време, едно лице имало целосна моќ па и клубот бил управуван од еден човек. Вердер Бремен се покажал како клуб на националистичко-социјалистички стил на почетокот, кој се ставил под раководство на водачот на клубот, Вили Стовер, во служба на политичките цели на националсоцијализмот и мислата на воениот спорт. На почетокот на 1934 година на Евреите повеќе не им било дозволено да бидат членови на Вердер Бремен.Werder.de: Juden im deutschen Fußball und bei Werder Bremen (Toter Link) Клубот станал сè повеќе под контрола на Националниот социјалистички рајх за физичко образование и локалната партија од 1937 година па натаму.Nils Havemann: Fußball unterm Hakenkreuz: der DFB zwischen Sport, Politik und Kommerz. Campus-Verlag, Frankfurt am Main / New York 2005, S. 213 ff. Малку пред крајот на Втората светска војна спортските натпреварувања биле прекинати, а на 10 ноември 1945 година Вердер Бремен бил официјално затворен, како и сите други општествени организации во Германија.
Некој од најпознатите играчи во оваа декада од 1930 до почетокот на 1940-тите години покрај Хајдеман и Тибулски биле уште Зиолкевиц, Шарман и Хунт.Werder.de: Der Mann, der Schalke die Spieler wegholte (Toter Link)
1945-1963: Повоениот период и настапите во Оберлига Север Од септември 1945 година, општинските спортски групи биле примени во „ексклавата“ Бремен (дел од американската окупаторска зона); клубовите првично не биле (повторно) воспоставени.vgl. Weser-Kurier vom 29. September 1945, S. 4: „Der Sportaufbau in Bremen“, und folgende Ausgaben. На 10 ноември 1945, претставниците и членовите на клубот, заедно со тие на затворените екипи од 1933 година Форвертс Бремен и Фраје Швимер 1910 Бремен се обединуваат и ги поставуваат темелите на новиот клуб ТуШ Вердер Бремен 1945.eMedienservice Nord.de: Kurzer Überblick über die Geschichte Werder Bremensweltfussballarchiv.de: Grundsätzliche Angaben über Werder Во 1946 година и Грун-Вајс Бремен 1899 се присоединил кон спортското обединување. Американската окупациска администрација го забранила создавањето на спортски клубови, кој го носеле името на формацијата во предвоениот период и поради тоа клупскиот претседател Ханзи Волф организирал тајна средба, на која главна тема била идното име на обединетиот клуб, како и прашања за брзото продолжување на учеството во првенството. По некои проблеми со регистрацијата, тоа станало реалност на 28 март 1946 година под името "Шпортфераин Вердер Бремен", кое останува до денес. Во истата година спортските натпреварувања во Бремен продолжиле и Вердер го освоил градското првенство, а една година подоцна и долносаксонското првенство.