Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во дримколското село Бороец.
Црквата се наоѓа во самото село на ридот Бигор кој преовладува над селото, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Во непосредна близина на црквата се наоѓа и главната селска џамија.
По традиција, селаните во оваа црква се собираат за погреби и крштевки.
Местоположба
Црквата е изградена во Горно Маало и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Во црковниот двор во 1966 година била изградена камбанаријата на црквата. Ѕидари на камбанаријата биле селските муслимани.
Икони
Во 1867 година, Дичо Зограф изработил икони за селската црква.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Ложанска парохија Бороец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бороец Бороец Категорија:Дела на Дебарската школа