Округот (, ) е второстепена управна единица на Нов Зеланд во надлежност на окружен совет, еднен степен подолу од регионите. Создадени се со управната реофма од 1989 г. и денес постојат 53 окрузи кои, заедно со 13 градски совети и Советот на Четемските Острови ги сочинуваат територијалните единици на државата. Окрузите имаат надлежност врз подрачја со рурален карактер и помали гратчиња, а градските совети се задолжени за поголемите градските подрачја. Три окрузи (Гизборн, Тасман и Марлборо) се унитарни единици кои воедно имаат статус на региони.

Окрузите сепак не се подединици на регионите, и некои од нив припаѓаат на повеќе од еден регион. На пример, округот Таупо е разделен на дури четири региони. Регионите се физиографски целини кои ги претставуваат сливните подрачја во земјата, додека пак окрузите одразуваат стопански и сообраќајни целини. Регионалните совети имаат надлежност врз животната средина и јавниот превоз, а окружните се задолжени за месните патишта и резервати, канализацијата, градежните дозволи, исцртување парцели и други работи од месно значење. Некои дејности се ставени во надлежност на јавните претпријатија (или организации) под управа на совет.

мини|десно|500п|Карта на окрузите и регионите во Нов Зеланд.

Окрузи Денес во земјата има 54 окрузи тука наведени по региони:

Северен Остров Ваикато Ваикато Ваипа Јужно Ваикато Матамата-Пијако Отороханга Темс-Коромандел Хаураки

Велингтон Јужна Ваирарапа Картертон Крајбрежје Капити Мастертон

Залив Пленти Западен Залив Пленти Каверау Опотики Факатане

Манавату-Вангануи Манавату Руапеху Фангануи Хорофенуа

Нортленд Далечен Север Каипара Фангареи

Таранаки Јужно Таранаки Њу Плимут

Хоков Залив Ваироа Хејстингс Централен Хоков Залив

Мешани Ваитомо (Ваикато: 94,87 %; Манавату-Вангануи: 5,13 %) Рангитикеи (Манавату-Вангануи: 86,37 %; Хоков Залив: 13,63 %) Роторуа (Залив Пленти: 61,52 %; Ваикато: 38,48 %) Стратфорд (Таранаки: 68,13 %; Манавату-Вангануи: 31,87 %) Тараруа (Манавату-Вангануи: 98,42 %; Велингтон: 1,58 %) Таупо (Ваикато: 73,74 %; Залив Пленти: 14,31 %; Хоков Залив: 11,26 %; Манавату-Вангануи: 0,69 %)

Унитарни единици Гизборн

Јужен Остров Западно Крајбрежје Булер Вестленд Греј

Кантербери Ваимакарири Ваимате Ешбертон Каикоура Мекензи Селвин Тимару Хурунуи

Отаго Квинстаун-Езера Клута Централно Отаго

Саутленд Гор Саутленд

Мешани Ваитаки (Кантербери: 59,61 %; Отаго: 40,39 %)

Унитарни единици Марлборо Тасман

Поврзано Територијални единици во Нов Зеланд Региони во Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски

Окружни совети на Нов Зеланд Регионални и окружни граници на Северниот Остров — подробна карта Регионалните и окружни граници на Јужниот Остров — подробна карта

Категорија:Административна поделба на Нов Зеланд Категорија:Второстепени административни единици на земјите