Циганчиња или црвеноопашки () — род врапчевидни птици од семејството на муварчињата (Muscicapidae), native to Европа, Азија и Африка. По изглед се групираат со уште три сродни рода, кои исто така имаат црвенкасти опашки. Ова се мали инсектојади, каде мажјаците се обоени во разни комбинации на црвена, сина, бела и црна, додека пак женките се светлокафеави со црвена опашка. Во 2010 г. кон родот се додадени птиците од родовите Rhyacornis (1 вид) и Chaimarrornis (2 вида) поради укинување на тие родови како неточни согласно новоутврдената молекуларна филогенија.

Во Македонија како домородни се присутни циганчето и лисестото циганче, а како новодојдено е забележано и белокрилото циганче, кое вообичаено живее само во Азија.

Родот е воведен од англискиот природонаучник Томас Форстер во 1817 г.

Видови Во родот спаѓаат следниве видови:

Пржевалскиево циганче (Phoenicurus alaschanicus) Црвеногрбо циганче (Phoenicurus erythronotus) Седоглаво циганче (Phoenicurus coeruleocephala) Циганче (Phoenicurus ochruros) наречено и „планинска црвеноопашка“ Лисесто циганче (Phoenicurus phoenicurus) наречено и само „црвеноопашка“ Полско циганче (Phoenicurus hodgsoni) Белогушесто циганче (Phoenicurus schisticeps) Огледално циганче (Phoenicurus auroreus) Белочелно циганче (Phoenicurus moussieri) Белокрило циганче (Phoenicurus erythrogastrus) Синочелно циганче (Phoenicurus frontalis) Речно циганче (Phoenicurus fuliginosus) (порано во родот Rhyacornis) Двобојно циганче (Phoenicurus bicolor) (порано во родот Rhyacornis) Белоглаво циганче (Phoenicurus leucocephalus) (порано во монотипниот род Chaimarrornis)

Фосилни видови Phoenicurus erikai (плиоцен, наод од Чарнота, Унгарија). Phoenicurus baranensis (плиоцен, наод од Беременд, Унгарија).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Муварчиња