Броме () — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Оре, околу 25 километри североисточно од градот Волфсбург.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија Местоположба

Општината Броме се наоѓа непосредно на покраинската граница со Саксонија-Анхалт. Заедно со општините Бергфелд, Ера-Лесин, Парзау, Риен, Тидише и Тилау припаѓа на истоимената општинска заедница. Низ местото тече реката Оре.

Општински единици

Кон општината припаѓаат следниве места:состојба 30 јуни 2018 г.)

Алтендорф (188 жит.) Бениц (88 жит.) Броме (2.576 жит.) Висведел (90 жит.) Цихери (287 жит.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Гифхорн (округ)