ЖРК СЧМ Р’мнику В’лча е женски ракометен клуб од Р’мнику В’лча, Романија. Моментално се натпреварува во романската прва лига Лига Национала.
Првично наречен РК Олентија, клубот се смета за наследник на Олчим Р’мнику В’лча, клуб кој бил основан во 1973 година и кој бил распуштен поради финансиски проблеми. СЧМ Р’мнику В’лча игра во Лига Национала од сезоната 2013-2014. Бидејќи времето до крајот на аплицирањето за учество во Лига Национала било многу кратко, акционерите на новиот клуб од Валча се свртеле кон веќе постоечката спортска структура РК Олтенија, а потоа го смениле името на клубот во денешното Р’мнику В’лча. Така, на 1 јули 2013 година, непосредно пред крајниот рок, клубот Олчим Ремнику Валча аплицирал за учество во Лига Национала и најавил дека ќе ја предаде лиценцата на РК Олтенија. Откако се пријавиле, било објавено дека новиот клуб Валча ќе го смени своето име во ХКМ Р’мнику В’лча. На 15 јули 2013 година, ХЧМ Р’мнику В’лча ја добил уставната судска одлука со која му било дозволено завршување на процедурите за регистрација под ова име во најсилната лига на Романија во ракомет за жени, наместо под името ЧС Олчим.
Подоцна, во летото 2018 година, ХЧМ Р’мнику В’лча го променила своето име во СЧМ Р’мнику В’лча, со што влегле во организација на градското собрание.
Хронологија Хронологија на СЧМ Р’мнику В’лча 2013 - Формиран и влегува во Лига Национала. 2013-2014 - 10. место во Лига Национала. Осминафинале во Купот на Романија. 2014-2015 - 9. место во Лига Национала. Четвртфинале во Купот на Романија. 2015-2016 - 8. место во Лига Национала. Осминафинале во Купот на Романија. 2016-2017 - 7. место во Лига Национала. Четвртфинале во Купот на Романија. 2017-2018 - 4. место во Лига Национала. Финале во Купот на Романија. 2018-2019 - 1. место во Лига Национала (1. титула). Финале во Купот на Романија. Победник на Суперкупот на Романија (1. титула) 2019-2020 - Финале во Суперкупот на Романија.
Титули Шампион на Романија Победник: 2018-2019 Куп на Романија Финалист: 2018, 2019 Суперкуп на Романија Победник: 2018
Играчи Моментален состав 2019-2020
Голмани 12 Дијана Чука 20 Јулија Думанска 43 Марта Батиновиќ Крила Леви крила 21 Ан Грете Норгард 22 Елена Флорика 88 Роберта Стамин Десни крила 17 Марта Лопес 77 Александра Бадеа Пивоти 6 Асма Елгауи 8 Флорентина Крају 9 Ралука Бакојану 30 Даниела Марин
Бекови Леви бекови 2 Самара да Силва 10 Андреа Адеспи 23 Ирина Глибко Средни бекови 27 Алисија Фернандес Фрага 31 Мадалина Замфиреску 71 Кристина Лишчевиќ Десни бекови 90 Ана Марија Драгут 99 Миреја Гонсалес
Наводи
Надворешни врски
Категорија:ЖРК СЧМ Р’мнику В’лча Р’мнику В’лча Категорија:Р’мнику В’лча