Трибор — планински превој во јужниот дел на Македонија, кој се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Козјак која има меридијански правец на протегање север-југ, а ги раздвојува прилепскиот и тиквешкиот предел на областа Мариово на запад и исток. Тој е еден од највисоките планински превои според својата надморска височина и на него постои стара калдрмисана подлога од редени камења и макадам, поради што е пристапен само за теренски возила и камиони за сеча на дрва, а исто така е посетуван и од велосипедисти бидејќи тој претставува највисока точка на патеката која се вози на настанот „Алшар - допри го сонцето“.

Наводи

Категорија:Планински превои во Македонија