мини|250п|Предложениот опфат на Морето на Кралот Хокон VII. мини|250п|Бреговите на принцезите Марта, Астрид и Рагнхилда.
Море на Кралот Хокон VII () — предложено име на дел од Јужниот Океан кај брегот на Источниот Антарктик.
Географија Морето сè уште не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО) , ниту пак највеќето водечки географски организации.
Според потесниот предлог, морето го зафаќа подрачјето меѓу Веделовото Море и предложеното Лазарево Море. Со тоа, морето се протега само долж Брегот на Принцезата Марта, од ’ртот Норвегија (12°18′ ЗГД — најисточната точка на Веделовото Море) — до Фимбулската Ледена Плоча близу нултиот меридијан (0°0′), предложен како западна граница на Лазаревото Море.
Од норвешко гледиште, кое исто така не го признава Лазаревото Море, Морето на Кралот Хокон VII е сместено долж целиот брег на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 20° ЗГД и 45° ИГД, протегајќи се околу 10.090 км од Стенком-Вилсовиот Ледник (19° ЗГД) на Брегот на Прицезата Марта на запад до Шинановиот Ледник (44°38′ ИГД) на источната граница на Брегот на Принцот Олав на исток., David McGonigal, "Antarctica: Secrets of the Southern Continent", 2009, Frances Lincoln Publishing, London, , , Bernadette Hince, "The Antarctic dictionary: a complete guide to Antarctic English", 2000, Csiro Publishing, Collingwood, Australia, ,
Водата на ова море е покриена со мраз речиси преку цела година. На есен се насобира пловечки мраз кој се растура дури на пролет.
Подрачјето е важно живеалиште на Росовата фока (Ommatophoca rossii)., Polar Conservation Organisation (PCO), , American Society of Mammalogists (ASM),
Историја На 27 јануари 1820 г. рускиот истражувач Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен станал првиот кој потврдно ја здогледал Јужната Земја или Тера Аустралис (Антарктикот) пловејќи токму низ ова подрачје близу денешната Фимбулска Ледена Плоча и Брегот на Принцезата Марта., Polar Cruises.com, , Antarctic-circle.org,
Морето е наречено во чест на Хокон VII ( 1905-1957) — првиот крал на Норвешка по растурањето на сојузот со Шведска.
Наводи
Надворешни врски Слика од Морето на Кралот Хокон VII Карта на подрачјето — НАСА
Категорија:Мориња во Јужниот Океан Категорија:Источен Антарктик Категорија:Мориња на Антарктикот