мини|десно|250п|Горгофониниот татко Персеј со главата на Медуза, дело на Антониа Канова Горгофона (грчки јазик|Γοργοφόνη}},латински јазик|Gorgophona) е ќерка на јунакот Персеј и неговата жене Андромеда.
Името Горгофона во превод значи „горгонин убиец“ бидејќи нејзиниот татко Персеј ја убил Медуза, една од Горгоните.
Митологија Името Горгофона се јавува често во античките митови поради нејзините предци, како и поради нејзините потомци. Таа е централна личност во историјата на Спарта бидејќи била жена на два истакнати крала. Првиот маж и бил кралот Перије, а по неговата смрт - според Паусанија - се омажила за неговиот наследник, кралот Ебал.
Со кралот Перије, владетелот на областа западно од Лаконија, Горгофона имала два сина - Леукип и Афареј кои биле месенски кралеви.
Со кралот Ебал, владетел на Лаконија, Горгофона имала три сина - Хипоконт, Тиндареј и Икарије. Прите двајица биле спартански кралеви, а третиот бил крал на Итака.
Потомците на Горгофинините потомци се вбројуваат помеѓу најистакнатите личности и јунаци во грчките митови. Тиндарејевите синови се близнаците Гемини - Кастор и Полидеук, а ќерки се Клитемнестра и Елена. Афарејевите синови се Ида и Линкеј, а ќерка Пенелопа.
Наводи
Литература
Категорија:Кралици во старогрчката митологија Категорија:Личности од античка Спарта