Ингрид оди на запад (англиски: Ingrid Goes West) — американски филм, во режија на Мет Спајсер (Matt Spicer). Главните улоги ги играат: Обри Плаза, Елизабет Олсен и О'Шеи Џексон.

Содржина Филмот претставува црна комедија за осаменоста во епохата на социјалните медиуми. Ингрид Торбурн (ја игра Плаза) е ментално нестабилна девојка која страда од осаменост. Таа е зависна од нејзиниот паметен телефон, а по смртта на нејзината мајка, таа наследува одреден износ пари и од Пенсилванија се сели во Лос Анџелес. Таму, пак, живее Слоун Тејлор (ја игра Олсен), која е влијателка на Инстаграм и идол на Ингрид...Ѓорѓи Јаневски, „Ингрид оди на запад“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 102-103.

Осврт кон филмот мини|Последните сцени од филмот се снимени во Џошуа Трво и блискиот национален парк , како што е тука во Папи и Хариет „Ингрид оди на запад“ е првиот долгометражен филм на Спајсер. Притоа, режисерот не морализира и не ги осудува главните ликови во филмот, туку ги претставува во допадливо светло за публиката. Сепак, при крајот, филмот ја губи својата суптилност и се наклонува кон клишето на пустинското насилство.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Мет Спајсер Категорија:Филмови со Обри Плаза Категорија:Филмови со Елизабет Олсен Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Пенсилванија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Американски сатирични филмови