Јаноа I — пештера во областа Порече во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во долината на Мала Река (притока на Треска), веднаш покрај асфалтниот пат кој води кон село Самоков, во непосредна близина на фабриката „Сувенир“. Наречена е со името Јаноа I бидејќи во нејзина непосредна близина на оддалеченост од само 20 метри кон север е отворот на пештерата Јаноа II. Пештeрата е изградена во мермери. Должината на пештерата е 40 м, а пештерскиот канал (особено во влезниот дел) е со помали димензии. Во пештерата од хидрографските објекти се двои пештерското езеро, со должина од 2 м. Пештерските украси се претставени со сталактити, сталагмити, драперии, сливови и хелектити.

Галерија

Надворешни врски Јаноа пештера 1 — галерија со слики од пештерата Јаноа I на мрежната страница на ЈПУЗПП природен резерват „Јасен“

Наводи

Категорија:Пештери во Македонија