Рио Негро (шпански: Río Negro, „Црна Река“) е река во Јужна Америка и најзначајна притока на реката Уругвај. Воедно, реката Рио Негро е најважната река во Уругвај.

Особености Рио Негро извира во најјужните предели на Бразил, источно од Баге. Реката тече во западен правец низ целата територија на државата Уругвај. На границата помеѓу Уругвај и Аргентина реката се влева во реката Уругвај. Практично, Рио Негро ја дели државата на северен и јужен дел. Главните притоки на Рио Негро се реките Ји и Такуарембо.

Наводи

Поврзано Река Уругвај Уругвај

Надворешни врски

Категорија:Реки во Уругвај Категорија:Реки во Бразил Категорија:Притоки на реката Уругвај