Витинген () — град во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 30 километри североисточно од Гифхорн и 30 километри југоисточно од Илцен.

Географија Местоположба

Витинген се наоѓа во североисточниот дел на округот Гифхорн на сојузната граница со Саксонија-Анхалт. Градот се наоѓа помеѓу Линебуршкото Поле и Алтмарк. Подрачјето на градот и селата кои припаѓаат на него се протегаат на површина од 225,09 км2, од кои 7,8% се станбени и сообраќајни површини.. Блиски градови се Гифхорн (25 км), Волфсбург (30 км), Илцен (30 км), Целе (50 км) и Залцведел (35 км). Низ градот поминува реката Оре; местото Ордорф е наречено по нејзе.Rudi Fischer: 800 Jahre Calvörde – Eine Chronik bis 1991. o. O. 1996.

Градски единици

Градот Витинген се состои од 26 места:

Бојценхаген Даригсдорф Ерпензен Ојцен Ганервинкел Глизинген Хаген Какербек Кнезебек Кишторф Либен [Манбург Ордорф Пластау Раде Раденбек Шнефлинген Штекен Зудервитинген Тешендорф Трансвал Форхоп Витинген Волершторф Вундербител Цазенбек

Историја

Најрано документирано спомнување на Витинген е во документ од 781 година, кој ги одредувал територијалните граници на Хилдесхајмската епископија. Друг документирано спомнување е од 803 година во текот на владеењето на Карло Велики, кога се одредувале границите на новосоздадената Халберштатска епископија. Меѓутоа, во ниту еден од документите не е даден датумот на основањето на градот.

Во текот на средновековниот период, Витинген не бил на самата граница, туку сообраќајна станица до и од Алтмарк. Градот бил трговска точка и ноќевалиште за бројни трговски патници. Неговото значење се зголемило во деветтиот век кога Халберштатската епископија ја изградила црквата „Св. Стефан“. Со почетокот на век, Витинген ги добил градските права и бил делумен сопственик на Линебуршката ковачница. Во век имало политичка нестабилност, а во 1340 година сопственоста на Витинген била пренесена на велфската династија од Целе. Подоцна, со избивањето на борбата со Хилдесхајмската епископија, градот бил целосно уништен во 1519 година. Кратко потоа, започнала изградбата на градските бедеми.

Политика Градоначалници

1974-1985: Роберт Лајпелт 1985-1989: Паул Дегенхарт 1990-1991: Вилфрид Волтер 1991-1996: Лотар Шос 1996-2001: Гинтер Шулце 2001-2002: Ханс-Јирген Шиндлер

Градоначалник на Витинген од 2002 година е Карл Ридер, кој бил повторно избран во 2011 година.

Збратимени градови

Витинген е збратимен со следниве градови:

Бизмарк, Германија Кокнесе, Латвија Санкт Маргаретен на Раб, Австрија Визен, Австрија

Инфраструктура Здравствена

Витинген има една болница, четири аптеки и шест стоматолози.

Сообраќајна

Витинген се наоѓа на железничката линија Брауншвајг-Илцен, на која има редовни возови до Брауншвајг.

Познати луѓе

Филип Шпита (1801-1859) — лутерански теолог и поет Фридрих Шпита (1852-1924) — теолог Бернд Фикс (р. 1962) — компјутерски специјалист Ларс Ниберг (р. 1963) — јавач на коњи

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Гифхорн (округ)