Радислава "Дада" Вујасиновиќ (српски: Радислава Дада Вујасиновић, 10 февруари 1964 – 8 април 1994) била српска новинарка и известувач за списанието Дуга, објавувано во Белград.

Животопис Дада Вујасиновиќ е родена на 10 февруари 1954 годинаа во Чапљина, во Херцеговина. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет, на катедрата за српскохрватски јазик и југословенска книжевност во 1987 година.

По студиите почнала да работи како новинар а набргу објавувала и авторски текстови во списанието Дуга каде станала член на редакцијата, во 1990 а во 1993, станала член на уредничкиот колегиум. При почетокот на војните во Југославија, почнала да известува и да прави репортажи од воените подрачја. Како воен дописник направила репортажи од Борово Село, Даљ, Ердут, Папук и Псуњ. Откако војната започнала во Сараево, таа одлучила повеќе да не оди во воените подрачја не можејќи да пишува за „рушењето на еден град и за убивањето деца“. По одлуката да не известува од воените подрачја, од крајот на 1992 до почетокот на 1994 година, пишувала за политичката и криминална сцена во Србија. Еден од текстовите кој го документира тоа време е текстот „Криминалци и полицајци во парламентот“ објавен во списанието Дуга, кон крајот на 1993. Во него пишува за промоцијата на озлогласениот криминалец Жељко Ражнатовиќ Аркан, во народен пратеник. За репортажите од славонските воени подрачја ја добила Наградата Светозар Марковиќ додека за тектовите со критика на политиката и криминалот, добивала закани и уцени, но воедно и судски тужби.

Работела интервјуа соличности како Милан Бабиќ, Радован Караџиќ, Војислав Шешељ и генералот Момчило Перишиќ.

Смртта на Дада

Експертите од Институтот за форензички истражувања во Хаг, не утврдиле дали причината за смртта на новинарката Вујасиновиќ, која на 8 април 1994 година, во нејзиниот стан во Нов Белград, била најдена со прострелна рана од пушка, е убиство или самоубиство.

Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан на 8 април 1994 година. Полицијата го водела случајот како самоубиство, но повеќето докази го кажувале спротивното. Имено, таа била активна ден претходно и направила многу идни планови. Дневниците на Ратко Младиќ споменуваат дека тој имал информации кој ја убил Дада. Ова би можело да помогне повторно да се отвори истрагата за нејзината смрт.

Српската влада почнала ревизија во јануари 2013 година на неколку сомнителни случаи кои вклучуваат убиства на новинари во 1990-тите години, вклучувајќи ги и Дада Вујасиновиќ, Славко Ќурувија и Милан Пантиќ.

Во 2014 година, Хлеб Театар (Белград) ја создал претставата "Дада - Есеј во Движење", врз основа на животот, делото и смртта на Вујасиновиќ.https://hlebteatar.wordpress.com/performances/dada-an-essay-in-movement-about-journalist-dada-vujasinovic/

Поврзано

Список на новинари убиени во Европа Славко Ќурувија Милан Пантиќ

Надворешни врски

(sr) ТВ емисија за Дада Вујасиновиќ ТВБ92 (sr) Кратка репортажа за убиството на Радислава Дада Вујасиновиќ (30) . (sr) Сведоштва (објавени писма на Дада Вујасиновиќ)

Наводи

Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Починати во 1994 година Категорија:Српски новинари Категорија:Воен дописник Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)