Лав Толстој, целосно Лав Николаевич Толстој (), ( (28 август, Јулијански календар) (7 ноември по Јулијански календар) 1) — руски писател, најпознат по неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-филозофски белези.
Толстој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати дела, Војна и мир, историска и реална реконструкција на Наполеоновите војни и Кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Ромен Ролан и Мартин Лутер Кинг. Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор, кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед било создадено Толстојското општествено движење, а самиот Толстој, иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат кон него, сметајќи дека секој треба да има своја свест.
Животопис left|upright=0.8|thumb|Толстој на 20 години, Толстој е роден во Јасна Полјана, на дворјанскиот имот од родителите кои потекнувале од благороднички семејства. Тој ја носел титулата гроф и живеел мирен, богат и спокоен живот. Речиси целиот живот го поминал на имотот во Јасна Полјана, освен четири години поминати на школување во Москва, а потоа извесен период поминал во Казањ, каде студирал на Филолошкиот, а потоа на Правниот факултет, кој не го завршил.
Кога се вратил во Јасна Полјана, тој ја започнал својата писателска дејност. Активно учествувал во Кримската војна, каде бил награден за пројавената храброст во битките. Толстој го посетил Париз, ја прошетал Швајцарија, но се разочарал од Западот и се повлекол засегаш на својот имот во Јасна Полјана. Се оженил со ќерката на еден московски доктор, која му родила 13 деца.
Толстој зборувал многу јазици – англиски, француски, германски, италијански; ги знаел и: грчкиот, латинскиот, украинскиот и татарскиот; а ги изучувал и: турскиот, холандскиот и бугарскиот. Бил вегетаријанец.„Дали Толстој е прататко на модерните вегетаријанци?“, „Факултети“, 22.08.2017.
Творештво
„Детство“ (1852) „Момчештво“ (1854) „Младост“ (1856) „Севастополски раскази“ (1855-1856) „Козаци“ (1863) „Војна и мир“ (1864-1869) „Ана Каренина“ (1873-1877) „Смртта на Иван Илич“ (1884-1886) „Власта на темнината“ (1886) „Кројцерова соната“ (1888) „Воскресение“ (1889-1899) „Царството Божје е во тебе“ (1894) „Господар и слуга“ (1895) „Хаџи Мурат“ (1896-1904)
Значење и влијание Според српскиот поет Јован Дучиќ, заедно со Достоевски, Толстој е најголемиот пророк меѓу писателите во нашето време.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 379. Францускиот писател Албер Ками во младоста бил голем љубител на творештвото на Толстој.Nada Marinković, „Alber Kami“, во: Stranac, Rad, Beograd, 89. Еден прозен текст на македонскиот писател Блаже Конески од 1988 година, насловен „Толстоисти“, го опишува неславниот обид на група струмички студенти да ја го применат учењето на Толстој.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 167-168.
Наводи
Надворешни врски Лав Толстој, „Раскази“ (аудио-книга) Лав Толстој, „Вразумете се!“ (антивоен манифест) Лав Толстој на okno.mk Гане Тодоровски, „Лев Николаевич Толстој и Македонија“
Категорија:Анархисти Категорија:Руски писатели Категорија:Вегетаријанци Категорија:Пацифисти Категорија:Личности од Кримската војна Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Почесни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Академици на САНУ Категорија:Странски членови на Српската академија на науките и уметностите Категорија:Христијани од 19 век Категорија:Христијани од 20 век Категорија:Христијански анархизам Категорија:Починати во 1910 година