Србија во Првата светска војна се вклучила и учествувала од 28 јули 1914 година, кога владата на Австроунгарија ѝ објавила војна и го означила почетокот на Првата светска војна, сè до завршувањето на војната во ноември 1918 година. Фронтови на кои учествувало Кралството Србија во војната биле од реката Дунав до јужна Македонија.
Српската армија сериозно се намалила кон крајот на војната, бидејќи од околу 420.000 војници, нејзината армија паднала на бројка од околу 100.000 војници. Кралството Србија загубило повеќе од 1.200.000 жители за време на војната (армиски и цивилни загуби), што претставувало над 29% од вкупното население и 60% од машката популација на земјата. Според проценките што ги подготвила југословенската влада во 1924 година, Србија загубила 265.164 војници, или 25% од сите мобилизирани лица. За споредба, Франција загубила 16,8%, Германија 15,4%, Русија 11,5% и Италија 10,3%.
Заднина
Австроунгарија ја засилила Босанската криза од 1908-09 со анексирање на поранешната отоманска територија на Босна и Херцеговина, која ја окупирала од 1878 година. Ова го налутило Кралството Србија и нејзиниот поддржувач, пансловенското и православно Руско Царство. Руското политичко маневрирање во регионот ги дестабилизирало мировните договори кои веќе биле разоткриени во она што било познато како Балканско буре барут.
Во 1912 и 1913 година, Првата балканска војна се водела меѓу Балканскиот сојуз на Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора и Отоманското Царство. Како резултат на Договорот од Лондон, дополнително се намалила територијата на Отоманското Царство со создавање на независно Кнежевство Албанија и територијално проширување на Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција. Кога Бугарија ги нападнала Србија и Грција на 16 јуни 1913 година, таа го загубила најголемиот дел од македонскиот регион во тие земји, и дополнително Јужна Добруџа во Романија и Едрене во Турција во текот на Втора балканска војна, што уште повеќе го дестабилизирал регионот.
На 28 јуни 1914 година, Гаврило Принцип, студент и член на мултиетничката организација на националните револуционери нареченa Млада Босна, го убил надвојводата Франц Фердинанд, наследник на австроунгарскиот престол, во Сараево, Босна, по што започнал период на дипломатско маневрирање меѓу Австроунгарија, Германија, Русија, Франција и Велика Британија наречена Јулска криза. Во јули, Австроунгарија ѝ поставила ултиматум на Србија, серија од десет неприфатливи барања, предизвикувајќи ја војната со Србија. Кога Србија се согласила на само осум од десетте барања, Австроунгарија ѝ објавила војна на 28 јули 1914 година.
Спорот помеѓу Австроунгарија и Србија ескалирал во она што денес е познато како Прва светска војна, привлекувајќи ги Русија, Германија, Франција и Обединетото Кралство. Во рок од една недела, Австроунгарија морала да се соочи со војна со Русија. Србија имала искусна армија, но исто така била и исцрпена од конфликтите во Балканските војни и слабо опремена, што ги натерало Австроунгарците да веруваат дека ќе капитулираат за помалку од еден месец.
1914
Српската кампања започнала на 28 јули 1914 година, кога Австроунгарија објавила војна на Србија и нејзината артилерија го гранатирала следниот ден Белград. На 12 август австроунгарските војски ја преминале границата преку реката Дрина.
Првично, три од шест австроунгарски војски биле мобилизирани на српската граница, но поради руската интервенција, Втората армија била пренасочена источно кон Галицискиот фронт. Меѓутоа, со оглед на тоа што железничките линии што вделе до Галиција биле зафатени со превоз на други војници, втората армија можела само да започне со заминување кон север дури на 18 август. За да го искористи привременото присуство на Втората армија, АОК дозволила да се користат делови од неа во српската кампања до тој датум. На крајот, АОК упатила значајни делови на Втората армија (околу 4 дивизии) за да им помогне на главните сили на генералот Потирек и го одложил нивниот превоз до Русија до последната недела од август. Поразите што биле претрпени во првата инвазија на Србија на крајот го принудиле АОК да префрли 2 дивизии од втората армија до армијата на Потиорек за постојано.
Цер
Битката се случила околу планината Цер и неколку села во нејзината непосредна околина, како и во Шабац во август 1914. Борбата била дел од првата австроунгарска офанзива на Србија и избила во ноќта на 15 август кога делови од српската Комбинирана дивизија I наишле на австроунгарска извидница залогорена на падините на Церска планина. Борбите кои следеле прераснале во борба за контрола на неколку гратчиња и села во околина на планината, како и за контрола на Шабац. Моралот на австроунгарските трупи на 19 август опаднал и илјади војници се повлекле во Австроунгарија, а многу се удавиле во Дрина бегајќи во паника. Србите на 24 август повторно влегле у Шабац, со што борбата званично завршила. Борбата била борба во средба, од маневарски тип, што значи дека во текот на борбата не се користени ровови, бидејќи ровови во оваа војна се користени за првпат кон крајот на 1914 година по борбата на Марна. Во текот на десетдневната борба српските загуби изнесувале 3.000 мртви и 15.000 ранети. Австроунгарските загуби биле значително поголеми. Имало 8.000 мртви војници, 30.000 ранети и 4.500 заробени. Српската победа над бројно надмоќниот непријател ја означила првата победа на Сојузниците во Прва светска војна.
Дрина
По крајот на битката на Дрина, по тешки и крвави борби, српската војска била принудена да се повлече, поради недостаток на храна, воен материјал, а особено артилериска муниција. Повлекувањето на српската војска довела до егзодус на месното население.
Колубара
Со поразот во операцијата околу Дрина, српската војска се нашла во тешка положба и била присилена на повлекување под борба, соочена со недостаток на артилеријска муниција, недостаток на храна, облека и обувки, што претставувало голем проблем со паѓање на морал. Заедно со војска пред ужасите и ѕверстватаРодолф Арчибалд Рајс о злочинима Аустроугаро-Бугаро-Немаца у Србији 1914–1918, стр. 60-61. на австрпунгарската војска се повлекувал и народот, што дополнително ја компликувало целата ситуација при повлекувањето.В. Ћоровић, Односи између Србије и Аустро-Угарске у ХХ веку, Белград, 1936, Многу српски војници од краиштата што австроунгарската војска ги зазела заминувале за да ги повлечат своите семејства со коишто се враќале. Моралот на војската бил на најниско ниво, а тоа укажувало дека српската војска и самото Кралство Србија се пред пропастDr. Ferenc Pollman, „Austro-hungarian Atrocities against Serbians during the WWI (Šabac, 17 th of August, 1914)“, и дека нема можности да се запре напредувањето на австроунгарските сили. Временските услови, постојани врнежи и стидот биле дополнителен проблем бидејќи војската немала шаторки платна и била постојано мокра. Но токму таа каллива почва и уништени патишта на стпската војска ќе ѝ станат важен сојузник во претстојниот судир.Поповић, Никола Б. (2000). Срби у Првом светском рату 1914—1918. Нови Сад: Друштво историчара Јужнобачког и Сремског округа. Ноќта на 14 ноември командантот на Првата армија, генерал Петар Бојовиќ бил ранет и заради тоа повлечен од должноста. На његово месесто е поставен генерал Живојин Мишиќ, дотогашен помошник на начелникот на штабот на Главната команда Радомир Путник, инаку човек роден на Сувобор. Ноќта на 14 ноември командантот на Првата армија, генерал Петар Бојовиќ бил ранет и заради тоа повлечен од должноста. На његово месесто е поставен генерал Живојин Мишиќ, дотогашен помошник на начелникот на штабот на Главната команда Радомир Путник, инаку човек роден на Сувобор.
1915-1918
Во почетокот на 1915 година, со османлискиот пораз во Битката кај Сарикамиш и во Првата суецка офанзива, германскиот началник на Генералштабот Ерих фон Фалкхајен се обидел да го убеди австроунгарскиот началник на Генералштабот, Конрад фон Хотзендорф, за значењето на освојувањето на Србија. Ако Србија биде освоена, тогаш Германците ќе имаат директна железничка врска од Германија преку Австроунгарија, потоа до Истанбул и пошироко. Ова ќе им овозможило на Германците да испратат воени резерви, па дури и војници за да и помогне на Отоманското Царство. Иако ова не било во интересите на Австроунгарија, тие сакале да ја поразат Србија. Сепак, Русија била поопасен непријател, а и со влегувањето на Италија во војната на сојузничката страна, Австроунгарците дополнително биле преоптоварени поради различните фронтови.
И сојузниците и централните сили се обиделе да ја натераат Бугарија да избере страна во Големата војна. Бугарија и Србија војувале во две војни во последните 30 години: Српско-бугарската војна во 1885 година и Втората балканска војна во 1913 година. Како резултат на тоа, бугарската влада и луѓето сметале дека Србија поседува земји кои припаѓаат на Бугарија и кога Централните сили и понудиле да и го дадат она што го тврдеа, Бугарите влегле во војната. По загубата на сојузничките во Битката кај Галиполе и рускиот пораз во Горлице, кралот Фердинанд потпишал договор со Германија и на 23 септември 1915 година, по кое Бугарија започнала да се мобилизира за војна.
По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна на страната на Централните сили, есента 1915 годинаН. Поповић, Антанта и српско-бугарски односи у Првом светском рату, стр. 101-125., бугарската Втора армија ги зазела македонските градови Куманово, Штип, Велес и Скопје. Пролетта 1916 година, потпомогната од своите германски и австроунгарски сојузници, таа ја освоила Рупелската Теснина и, навлегувајќи во источниот дел на Егејска Македонија, ги зазела градовите Сер, Драма и Кавала. Кон средината на август истата година, бугарските сили, предводени од генерал Климент Бојаџиев, ги разбиле трупите на Антантата на просторот Добро Поле - Баница - Лерин и продирајќи кон Костур го зазеле Лерин со околните населби.
Македонскиот фронт на почетокот бил претежно статичен. Француските и српските сили повторно зезеле ограничени подрачја во Македонија со повторно враќање на Битола на 19 ноември 1916 година.
Француските и српските војници конечно направиле пробив, откако повеќето германски и австроунгарски војници се повлекле. Овој пробив бкил значаен во поразот на Бугарија и Австроунгарија, што довело до конечна победа на Првата светска војна.
Сојузничките војски, претежно француски, но потпомогнати од британските, српските и грчките војници, се наметнале во септември 1918 година, ја принудиле Бугарија да ја напушти војната и на крајот успеале да ја ослободат Србија две недели пред крајот на Првата светска војна.
Исчезнувањето на Македонскиот фронт значело дека патот кон Будимпешта и Виена е отворен. Германската висока команда одговорила со испраќање на седум пешадиски линии и коњаница, но овие сили биле далеку од доволни.
Крај на војната
Последиците од војната биле разновидни. Кога завршила Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, Западна Тракија била доделена на Грција, додека Србија добила неколку помали територијални отстапки од Бугарија. Австроунгарија била растурена, а Унгарија изгубила многу поседи. Србија имала водечката позиција во новото Кралство Југославија, придружена од нејзиниот стар сојузник, Црна Гора. Во меѓувреме, Италија воспоставила квазипротекторат над Албанија и Грција повторно го окупирала јужниот дел на Албанија.
Последици
Пред војната, Кралството Србија имало 4.500.000 жители. Според Њујорк тајмс, се проценува дека 150.000 луѓе загинале само во 1915 година за време на најлошата епидемија на тифус во светската историја. Бројот на цивилни жртви е проценет од страна на некои извори на 650.000, првенствено поради појавата на тифус и глад, но и директни судири со окупаторите. Српските жртви учествувале со 8% од вкупните смртни случаи на сојузничките воени лица. 58% од редовната српска армија (420.000 силни) загинале за време на конфликтот. Вкупниот број на жртви изнесува околу 1.000.000. Л.А. Тајмс и Н.Ј. Тајмс, исто така, цитирале над 1.000.000 жртви во своите статииAsserts Serbians face extinction.