Куќа на Калајџиевци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имале дуќан за газија, јамболлии и храна.
Историја
При крајот на век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.
За време на НОБ, куќата била користена за криење на партизаните и за одржување на тајни состаноци.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Калајџиевци Калајџиевци