Мишел Луиз Харви (; р. ) е австралијанска форензичарка специјализирана во форензичка ентомологија (употреба на инсекти во истрагите за злосторства). Нејзиното истражување се состои од употреба на ДНК од инсекти за да се идентификуваат ларви, што помага во проценувањето на времето од смртта. Харви издава широк спектар на нејзини истражувања и говори на многу конференции. Активна е во промоцијата на науката преку јавно говорење и медиуми.

Кариера

Харви го добива својот докторат по форензички науки во 2006 на Центарот за Форензички науки при Универзитетот Западна Австралија и дипломира во март 2007. Од 2006 до 2012 таа беше предавач по форензичка биологија на Универзитетот Портсмут, истражувајќи ги молекуларните врски помеѓу форензички значајните Калифориде. Оттогаш се враќа во Австралија за да го продолжи своето истражување на Универзитетот Дикин.

Награди и почести 2013 Стипендија Винстон Черчил 2004 Жена на годината во науката за Западна Австралија 2003 Стипендија Сер Кеит Мурдох од Американско-австралиската асоцијација (постдипломски истражувања на Антрополошкиот истражувачки институт (познат како Боди Фарм) во Ноксвил, Тенеси) 2001/2002 Ротарски амбасадорски научник (Универзитет Преторија, Јужна Африка)

Наводи

Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски форензички научници