Гифхорн () — град и административно седиште на истоимениот округ, во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има население од околу 42.000 жители и е под влијание на блиската оддалеченост од поголемите градови, Брауншвајг и Волфсбург. Гифхорн претставува дел од метрополитенската област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург.

Најстаро спомнување за постоењето на градот е од 1196 година.

Во градот се наоѓа Меѓународниот музеј за ветерници и воденици, кој содржи опфатна збирка и реплики на ветерници и воденици.

Географија Местоположба

Градот се наоѓа помеѓу Хановер, Брауншвајг и Волфсбург, околу 20 километри северно од Брауншвајг и околу 15 километри западно од Волфсбург. Во градското подрачје, реката Изе се влева во Алер.

Соседни општини

Следниве општини се граничат со градот Гифхорн. Почнувајќи од север надесно се (сите во округот Гифхорн): Вагенхоф, Везендорф, Варенхолц, Засенбург, Калберла, Изенбител, Рибесбител, Лајферде, Миден и Умерн.

Градски единици

Градот Гифхорн се состои од градското јадро со својот Стар град, како и местата Гамзен, Кешторф, Нојбокел, Вилше и Винкел.§ 4 Absatz 1 der Hauptsatzung der Stadt Gifhorn vom 30. Januar 2012, abgerufen am 1. Oktober 2014 (PDF, 214,09 KiB)

Историја

Гифхорн бил првпат споменат во 1196 година. Бил сместен на преминот на две важни трговски патишта: „Солениот пат“ (Salzstraße) како главна рута за сол помеѓу Линебург и Брауншвајг и „Пченкарниот пат“ (Kornstraße) помеѓу Целе и Магдебург.

Образование

Во градот се наоѓаат повеќе средни училишта и гимназии.

Сообраќај

Железничката станица во Гифхорн се наоѓа во јужниот дел на градот. Во близина на градот се пресретнуваат правците Б4 и Б188.

Меѓународни односи

Гифхорн е збратимен со следниве градови:

Дамфрис, Обединето Кралство Гарделеген, Германија Гланфорд, Обединето Кралство Халсберг, Шведска Корсун-Шевченкивски, Украина Ксанти, Грција Злотов, Полска

Личности

Хајнрих Дециматор (околу 1544-по 1615) — свештеник, автор на универзалниот речник Торстен Хајнс (р. 1957) — менаџер Ана Монтанаро (р. 1973) — глумица Кај-Зелве Рихтер (р. 1974) — новинар Катарина Мари Шуберт (р. 1977) — глумица Фабијан Клос (р. 1987) — фудбалер Зента-Софија Делипонти (р. 1990) — глумица и пејачка Бјарне Телке (р. 1992) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Меѓународен музеј на воденици

Категорија:Гифхорн (округ)