Слободан Угриновски ( - , ) — македонски политичар и стопанственик.
Животопис Угриновски е роден на 1 февруари 1948 година. Негов син е македонскиот музичар и фоторепортер Никола Угриновски - Угро. Во периодот од 1973 - 1983 година, уште како студент на Архитектонско-градежниот факултет, тој соработувал со Службата за државна безбедност, чие досие се водело под псевдонимот „Ле Корбизје“. На 26 октомври 2005 тој го формира Сојузот на Титови леви сили, која е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија која се раководи според идеологијата на Јосип Броз- Тито. До смртта бил нејзин претседател. Од 2017 година бил член на советот на Град Скопје. Починал ненадејно на 24 ноември во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски политичари Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Соработници на Службата за државна безбедност